0
Your Cart is Empty
Темишвар е трет по големина град во Романија и за 2023 година е прогласен за Европска престолнина на културата, заедно со Веспрем во Унгарија и Елфсина во Грција, под мотото „Нека блесне вашата светлина“.
Оваа тура вклучува посета на замокот Корвин (познат и како замокот Хуњади), еден од најубавите и најголемите замоци во Романија, изграден во 1440 година. Замокот служел како одбранбена тврдина против Отоманската империја, а е познат и по тоа што Влад III (Дракула) бил затворен таму.
Вториот град што се посетува е Сибиу, лоциран во срцето на Трансилванија. Овој град е познат по своето историско и германско културно наследство, но и по прозорците на куќите што создаваат впечаток како некој да ве набљудува. Токму поради ова, Сибиу е нарекуван „Градот со очи“.
Последната станица на оваа екскурзија е градот Арад, познат како еден од херојските градови и местото каде што започнала Романската револуција во 1989 година.
Редовна цена на аранжман: 159 € / 9,858 мкд по лице
ПРОМО цена 129€/ 8,000 мкд за резервации до 31.10
Состанок на група кај хотел Русија во 23:00ч. Имаме организирани поаѓање од Кочани, Штип, Велес и Куманово. Патување преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење низ Србија.
Присигнување во утринските часови во Темишвар. Следува разглед на градот со локален водич. Се посетуваат: Плоштад Победа со карактеристичен молдавски стил, Опера Романа, Плоштад на ослобдување, Плоштад на обединување, Српска православна црква, барокна палата - поранешно седиште на српска Војводина, Римокатоличка катедрала,... Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Време за одомор.
Посета на божиќниот маркет во Темишвар. Враќање во хотел.
Појадок во хотел. Заминување на целодневна екскурзија. Првото застанување е во замокот Корвин или познат како замокот Хуњади кој е еден од најубавите замоци во Романија и еден од најголемите во Европа, изграден 1440 год. Оваа готска тврдина од 15 век има доволно страшни карактеристики за да му се спротивстави на замокот Бран (замокот на Дракула во Бран. Овој Замок има непробојните ѕидови, колосалниот подвижен мост и безброј правоаголни и кружни кули кои некогаш служеле како стражарници и домување за затворениците. Внатре, ќе ја посетиме огромната зандана и комората за мачење, како и остатоците од Јамата за мечки, каде што, според легендата, затворениците биле фрлани на мечките.
Заминување кон градот на божиќните маркети во Романија, Сибиу. Oвде не очекува CHRISTMAS SURPRISE бидејќи божиќниот маркет во Сибиу е најдобриот во Романија. Божиќната атмосфера, дрвените куќички, осветлените улички преполни со празнични украси и сезонски подароци, божиќните песни ќе ве понесат низ предновогодишната атмосфера што никогаш нема да посакате да го напуштите ова место. Како бонус го имате панорамското тркало, рингишпилот и миленикот на децата- куќата на Дедо Мраз.
Слободно време за уживање вo Божиќниот пазар. Враќање во хотел.
Појадок. По појадокот одјавување од хотелот и заминување кон Белград. Пристигнување во Белград во претпладневните часови. . Слободно време околу 3 часа за шопинг во трговскиот центар ,,Rajiceva’’ на улицата Кнез Михаилова или индивидуална прошетка низ Калемегдан.Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови предполноќ во Скопје.