Држава

Унгарија

Регион

Не е наведено

Град

Будимпешта

Категорија

Лето 2026

Опис на тура
Вклучено / Не е вклучено
План

Цена на аражманот за уплати до 31.08.2026:  379 евра (23.500 денари)

Редовна цена: 449€ (27.840 ден.)

Откријте ја магијата на Будимпешта, главниот град на Унгарија, познат како „Бисерот на Дунав“. Овој космополитски град нуди богата историја, култура и бројни туристички атракции, како и познатите бањи кои датираат од 1934 година. Будимпешта е спој на различни култури и миграции низ вековите, што ја прави уникатна дестинација.

Сместување во хотел со 3★

Уживајте во 3 ноќевања со појадок во хотел со 3 ѕвезди. Аранжманот вклучува авионски превоз од Скопје со Wizzair, организиран трансфер од аеродром до хотел и назад, како и аеродромски такси. Имате можност за бесплатен рачен багаж.

Вклучено во понудата:

  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3 ѕвезди
  • Авионски превоз Скопје – Будимпешта – Скопје со Wizzair
  • Организиран превоз од аеродром до хотел и обратно
  • Панорамски разглед на градот со автобус
  • Придружник од агенцијата за време на престојот

Практични информации

Цената на аранжманот започнува од 379 € и вклучува 3 ноќевања со појадок. За резервација е потребна уплата на 30% аванс, а целосна доплата е 10 дена пред поаѓање. Поаѓањето е на 04.12.2026.

(За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите. )

  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
  • Доплата за чекиран багаж 10кг
  • Доплата за чекиран багаж 20кг
  • Доплата за еднокреветна соба 5.500 денари

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 15 патници.
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај. (Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај (ранч кревет или софа), четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи (ранч кревет или софа).
  • Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 50%, целосна уплата најдоцна 14 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

 

 

 

ADNEH

 

 

Вклучено / Невклучено

  • Авионска карта на релација Скопје-Будимпешта-Скопје со Wizzair
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Аеродромски такси
  • Три ноќевања со појадок, во хотел со 3*
  • Кабински багаж со димензии (40х30х20 см)
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Задолжително патничко осигурување 300 денари (цената важи за лица до 60 години)
  • Туристичка такса 3€ по лице на ден (се плаќа во агенција)
  • Крстарење по Дунав 25€
  • Посета на Сент Андреа 25€
  • Посета на Виена и OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF 90€
  • (За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите. )
  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
  • Доплата за чекиран багаж 10 или 20кг
  • Доплата за еднокреветна соба 5.500 денари

План

1 1 ден 04.12.2026 СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок  на групата на Скопскиот аеродром во 10.45 часот. Полетување на авионот за  Будимпешта во 12.55 часот. Пристигнување во Будимпешта во 14.20ч.  Денот го започнуваме со панорамски разглед на плоштадот на хероите, ланчениот мост, разглед на  Цитаделата, Кралската палата, црквата “Св. Матејас”, Рибарската тврдина… Операта, улиците Ваци, Андраши и Ракочи, Парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав кои ги спојуваат Будим и Пешта, Сместување во хотел. Ноќевање.

2 2 ден 05.12.2026 БУДИМПЕШТА –ВИЕНА СО аутлет шопинг центар PARNDORFF

Појадок. Препорачуваме  целодневна посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Прошетајте низ елегантните виенски булевари, уживајте во вкусот на традиционалната Sacher торта, посетете ги импресивните палати и почувствувајте ја магијата на градот кој за време на Божиќ изгледа како од разгледница.Во текот на декември, Виена блеска во најубавото празнично издание и со причина се смета за еден од најромантичните градови за Божиќ во Европа. Илјадници светилки, величествено украсени улици и мирисот на печени костени, ванила и топло греено вино создаваат атмосфера што ќе ја паметите долго.

Виена за време на Божиќните маркети е совршен избор за незаборавно празнично патување, исполнето со традиција, елеганција и вистинска зимска магија!

Враќање во Будимпешта.Враќање во хотел.  Ноќевање

3 3 ден 06.12.2026 БУДИМПЕШТА – СТ. АНДРЕА

Појадок. Препорачуваме посета  на живописното градче Ст. Андреја – каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Будимпешта во попладневните часови… Кога ќе пристигне декември, Будимпешта се претвора во вистинска зимска бајка. Плоштадите се украсени со илјадници светилки, мирисот на варено вино, цимет и традиционални унгарски специјалитети се шири низ градот, а божиќните мелодии создаваат незаборавна празнична атмосфера.Најпознатите Божиќни маркети, на плоштадите Ворошмарти и пред Базиликата Свети Стефан, нудат рачно изработени подароци, празнични украси, локални деликатеси и богата музичка програма. Вечерните часови се особено магични, кога фасадата на базиликата оживува со спектакуларно светлосно шоу.

Прошетајте покрај романтичниот Дунав, фотографирајте се покрај Парламентот осветлен во празничен сјај, посетете ги историските знаменитости и уживајте во една од најубавите божиќни атмосфери во Европа.Слободно време за индивидуални прошетки и посета на божиќниот пазар. Во вечерните часови можност  за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта. Враќање во хотел. Ноќевање. 

4 4 ден 07.12.2026 БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување во центарот на градот. Прошетка по улицата Ваци и Божиќниот пазар. Во 12.00ч. состанок на групата и поаѓање кон аеродром. Полетување за Скопје во 14.55ч. Пристигнување на Скопскиот аеродром во 16.20ч.

Од
379 € 449 €
Барање

Изберете време

Број на патници

0

Возрасни лица

379 €

Деца

0 €

Слични Понуди