БОЖИЌЕН ПАЗАР Темишвар и Сибиу, Романија | 8-ми декември 2026

Држава

РОМАНИЈА

Регион

ТРАНСИЛВАНИЈА

Град

ТЕМИШВАР

Категорија

Божиќни пазари

Хотел

хотел со 3*

Превоз

Автобуски превоз

Услуга

Појадок (BB)

Времетраење

2 ноќевања / 3 дена

Опис на тура
Вклучено / Не е вклучено
План
Оцени

Темишвар, прогласен за град на културата во Европа, нуди уникатно искуство со својата богата историја и културно наследство. За време на оваа тура, ќе го посетите и импресивниот замок Корвин, познат и како замокот Хуњади, една од најзначајните средновековни тврдини во Романија. Вториот град на програмата е Сибиу, сместен во срцето на Трансилванија, познат по својата автентична архитектура и препознатливите „очи на покривите“.

Сместување во хотел со 3★

Аранжманот предвидува 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Темишвар. Хотелот нуди удобност и добра локација за истражување на градот. Ова патување е идеално за сите кои сакаат да ја откријат културната и историска понуда на Романија, со посебен акцент на празничната атмосфера.

Вклучено во понудата

  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*
  • Автобуски превоз
  • Разглед на Темишвар со локален водич
  • Организиран превоз од повеќе градови
  • Можност за посета на замокот Корвин и градот Сибиу

Практични информации

Терминот за ова патување е од 05.12. до 07.12.2026 година. Цената на аранжманот започнува од 149 €, а вклучува автобуски превоз и сместување со појадок. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна 10 дена пред тргнување.

Вклучено / Невклучено

  • Автобуски превоз
  • 2 ноќевања во хотел со 3* со појадок во Темишвар
  • Разглед на Темишвар со локален водич
  • Туристички придружник за време на целото патување
  • Организиран превоз Кочани, Штип и Куманово
  • Вечерна посета на Christmas Market во Темишвар - 5€
  • Посета на замокот Корвин со вклучена влезница и градот Сибиу - 60 €
  • Посета на Термалните бањи Амазониа (превоз и влезница) - 40 €
  • Туристичка такса - 5 еур по лице за двата дена (се доплаќа во бус)
  • Патничко осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба (3100 мкд)
  • За деца до 2.99 години - 50 евра за превоз (гратис сместување доколку е придружуван со двајца родители, не користи легло)
  • За деца од 3 год. до 11.99 год. - добива попуст само на факултативи, се плаќа целосна сума на аранжман

План

1 Ден 1: СКОПЈЕ - ТЕМИШВАР

Состанок на група кај хотел Русија во 23:00ч. Организирано поаѓање од Кочани, Штип, Велес и Куманово. Патување преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење низ Србија.

2 Ден 2: ТЕМИШВАР

Пристигнување во утринските часови во Темишвар. Разглед на градот со локален водич: Плоштад Победа, Опера Романа, Плоштад на ослободување, Плоштад на обединување, Српска православна црква, барокна палата, Римокатоличка катедрала. Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Посета на божиќниот маркет во Темишвар. Ноќевање.

3 Ден 3: ТЕМИШВАР - ЗАМОКОТ КОРВИН И ГРАДОТ СИБИУ

Појадок во хотел. Целодневна екскурзија до замокот Корвин (замокот Хуњади) и градот Сибиу. Уживање во божиќната атмосфера и пазар во Сибиу. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 Ден 4: ТЕМИШВАР - БАЊИ - СКОПЈЕ

По појадокот, одјавување од хотелот и заминување кон Термалните бањи Амазониа. Слободно време за одмор и уживање во спа центарот и аква паркот (4 часа). Во попладневните часови, заминување кон Македонија. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Од
149 
Request Form

Изберете време

Број на патници

0

Возрасни лица

149 

Деца

Бебиња