0
кошничката е празна
Франција
Париз
Нова Година 2027
Hotel Campanile Paris Est - Pantin 3*
Авион
Појадок
5 ноќевања / 6 дена
Скопје
Париз, градот на светлината, ве пречекува со својата уникатна архитектура, големи плоштади и богата историја. Овој град на модата и француските револуции нуди незаборавно искуство за секој посетител, оставајќи неизбришлива трага.
Цена во претпродажба: 649 € (40.238мкд) со вклучен панорамски разглед
Цена на аранжманот: 699 € (43.338мкд)
НАПОМЕНИ:
– За реализација на факултативните посети, потребен е минимум од 15 патници
– Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета
– Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или го ограничат влезот
– За овој аранжман важат Општите услови за патување
adsav
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:00 часот. Полетување за Париз во 06:00 ч. Број на лет W6 4719. Слетување во Париз на аеродромот “Бове” во 09:05 часот. Трансфер и панорамски разглед на градот: Париската опера, плоштадот Вандом, црквата Мадлена, музејот Лувр, Kралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам на островото Сите, универзитетот Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Марсовите полиња, Триумфалната порта, Елисејските полиња... Сместување во хотел. Слободно време за индивидулани активности и прошетки. Ноќевање.
Појадок. Mожност за факултативна посета на најголемиот и најпосетен музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат едни од најпознатите уметнички дела на светот: Мона Лиза од Леонардо Да Винчи, Венера од островот Милос, Крилестата победа “Nike” од Самотраки, “Сплавот на медузата”... како и голем број на познати слики од Рембрант, Рубенс, Титијан, Пусен... (одење и враќање со метро). Можност за индивидуални прошетки и посети низ центарот на Париз: Катедралата Нотр Дам, Латинската четврт, Луксембуршките градини... Ноќевање.
Појадок. Прошетка со јавен превоз и придружникот на групата низ квартот Пигал, каде се наоѓа и познатото кабаре “Мулен Руж”. Јужно од булеварот Клиши, современите бистра им отстапуваат место на величествените неокласични градби од 19-тиот век, кои на оваа област ѝ го донеле прекарот „Нувел Атен“ (Нова Атина). Меѓу значајните уметнички музеи се вбројуваат Националниот музеј „Гистав Моро“ и Музејот на романтичарскиот живот. Прошетката продолжува накај уметничкиот кварт Монтмартр со катедралата Сакр Кер, од каде се пружа прекрасен поглед на Париз....Слободно време за индивидуални прошетки и активности. Вечерта, прошетка до плоштадот Конкорд и авенијата Шанзелизе до Триумфалната порта за прослава на Новогодишната ноќ... Ноќевање.
Појадок. Можност за индивидуална посета (првоз со градска железница) до најголемиот забавен парк за возрасни и деца во Европа – ДИЗНИЛЕНД. Европскиот Дизниленд е посветен на децата и оние кои што знаат да се радуваат како деца, со надеж дека ќе биде извор на среќа и инспирација за целиот свет. Вoлт Дизни студиото е посветено на безвременската фасцинација и приврзаност кон киното и телевизијата. Дизниленд во Париз се состои од два парка, Дизниленд Парк и Валт Дизни Студио Парк, како и шопинг област. Во шопинг зоната има продавници, ресторани, бутици...Враќање во Париз. Ноќевање.
Појадок. Полудневен факултативен излет во Версај – еден од најлуксузните кралски дворци во Европа изграден во XVII век, кој е воедно и последната резиденција на француските кралеви... Дворецот бил седиште на француската монархија и центар на моќта од 1682 год. кога Луј XIV се преселил од Париз во Версај, па се додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз поради Француската револуција. Посета на апартманите на кралот и кралицата, салата на огледалата... Факултативна посета на Ајфеловата кула – симболот на Париз (изградена за светската изложба во 1889 год.). Единствената прилика да се види прекрасната панорама на Париз од врвот на Ајфеловата кула. Факултативно вечерно крстарење по реката Сена. Романтично пловење со брод и прекрасните звуци на француската шансона, додека се набљудува панорамата на градот од една друга перспектива. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
Напуштање на собите во хотелот, спакуван појадок. Трансфер до аеродромот “Бове” во 05:30ч. Рано наутро. Лет за Скопје во 09:40ч. Број на лет W6 4720. Пристигнување во Скопје во 12:25ч.