Изненадете ги вашите сакани со ПОДАРОК АВАНТУРА и создадете спомени кои ќе траат вечно!
Подарете незаборавно искуство со adventours.mk подарок-ваучер за патување! Идеален за секоја пригода, ваучерот се изработува во вредност по ваш избор.
Што добивате?
- Подарок-Ваучер во дигитална форма: Практичен и лесен за користење, нашиот ваучер доаѓа во дигитална форма и може веднаш да се искористи.
- Подарок-Ваучер во печатена форма: На барање, ваучерот може да се изработи и во физичка форма и да се испрати на вашата адреса, со доплата од 300 денари.
Содржина на ваучерот:
- Подарок-ваучерот за патување содржи: Име и презиме на сопственикот, парична вредност, датум на важност, број на ваучер и логото на TA АДВЕНТОУРС.
- Дизајнот на ваучерот може да варира.
Услови за Користење:
- Вредносните картички се сопственост на АДВЕНТОУРС ДООЕЛ СКОПЈЕ како издавач на истите. Секоја подарок картичка важи за купување на производи или услуги исклучиво од Туристичка Агенција Адвентоурс, каде истата е купена.
- Подарок ваучерот е валиден за купување на производи и услуги исклучиво на територијата на Република Северна Македонија.
- Ваучерот може да се искористи за било која понуда од adventours.mk.
- Важноста на секој ваучер e наведена на самата картичка.
- Вредноста на гифт картичката не може да биде префрлена на друга картичка, ниту пак да биде заменета за пари.
- Вредноста на ваучерот може да се искористи во целост при едно купување или пак истиот да се користи повеќе пати, сè додека нејзината вредност не биде целосно искористена.
- Доколку сумата преостаната на вашиот ваучер е недоволна за посакуваната услуга, разликата разликата треба да се доплатите според условите за плаќање на аранжманот. По истекот на важноста на ваучерот, истиот станува неактивен, а преостанатиот изност не се враќа и не може да биде префрлен на друг ваучер.
- Доколку цената на услугата за која ќе биде искористен ваучерот е пониска од вредноста на ваучерот, разликата не може да биде рефундирана. Преостанатата сума може да се искористи за друга продажба за понуди кои ги нуди adventours.mk.
- Ваучерок не може да биде со вредност помала од 500денари.