Божиќно село во ТРИКАЛА - еднодневна екскурзија

Држава

Грција

Град

Трикала

Патувања

Божиќен пазар

Опис на тура
Вклучено / Не е вклучено
План
Оцени

МЕЛНИЦАТА НА ЏУЏИЊАТА во Трикала е најголемиот божиќен тематски парк во Грција. Се наоѓа на само 63 км од градот Лариса и 220 км од Солун, околу 2 часа и 15 минути со автомобил.

Просторот нуди многу забава за деца и возрасни, со бесплатни активности и разни настани кои траат во текот на целиот период на неговото работење.

Годинава, Мелницата на џуџињата ги отвора вратите за посетителите на 24 ноември и ќе биде отворена до 7 јануари 2024 година, секој ден од 10:00 до 22:00 часот.

Темата на ова „божиќно село“ во Грција се менува секоја година, а влезот е бесплатен. Оваа година темата е „Талентирани мачки“

Во паркот можете да најдете слатки, разновидна храна (сувлаки, плескавици, виршли, палачинки, вафли, крофни), пијалоци, кафе, варено вино, играчки… Мелницата на џуџињата обично вклучува области со бесплатни активности: Куќа на Дедо Мраз, Ледено Кралство, Кралство на бонбоните, Пошта на Џуџињата, фабрика за чоколади, бунар за желби, Цветно царство, волшебни печурки, цртање на лице итн. Покрај овие, има дополнителни активности како лизгалиште, џуџиња, слаткарница за џуџиња, божиќен пазар и забавен парк.
Пејзажот ве води во светот на бајките, додека девојките и момчињата облечени како џуџиња ги опслужуваат посетителите со широки насмевки.

Во фабриката за чоколади има широк избор на вкусови на кои не можат да одолеат ниту децата, ниту возрасните. Во мелницата можете да видите и рачно изработени ситници направени од џуџиња, село Playmobil, река со вистински патки и гуски, лавиринт со растенија, гумен тобоган и замок со продавници.

Веднаш до паркот има голем бесплатен паркинг за сите посетители.

ЦЕНА ЗА ВОЗРАСНИ: 2.000 денари по лице
ЦЕНА ЗА ДЕТЕ до 12 години: 1.800 денари по лице

Поаѓање од:  Скопје / Струмица

Почувствувајте ја Божиќната магија во Божиќното село во Трикала, Грција. Манифестација која оваа година започнува на 29.11.2023  и трае до 05.01.2024.
Барем на еден ден препуштете се на фантазиите и бидете дел од една Божиќна бајка. Уживајте во вкусните чоколади,грееното вино и препуштете се на забавата.

Термини за еднодневни тури:

03.12.2023
08.12.2023
10.12.2023
17.12.2023
24.12.2023

 

Напомени:

  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 90% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.

 

Вклучено / Невклучено

  • Автобуски превоз
  • Туристички придружник на патувањето
  • Посета на Трикала
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување

План

СКОПЈЕ - ТРИКАЛА - СКОПЈЕ

Собирање на групата  во 04:45 на Дрво Декор.

Поаѓање
 за Трикала во 05:00.

Утринско возење со попатни паузи за царински формалности и одмор.

Слободно време за индивидуални активности и  Божиќно уживање во  божиќното село.
Настани на Божиќното село: Домот на Дедо МразКуќата на бајките и волшебната шумаЌуката на џуџињатаФабриката за чоколадо

Тргнување за Скопје во 18:00 часот по локално време.

Цена за поаѓање од Скопје – 1800 мкд

Цена за поаѓање од Струмица – 1500 мкд

За деца до 11.99 попуст 200 ден ( важи за Скопје )

Локација

Од
30 
Форма За Пребарување
0
30 
Available:
Вкупно:
0
30