0
Your Cart is Empty
Грција
Трикала
Божиќен пазар
МЕЛНИЦАТА НА ЏУЏИЊАТА во Трикала е најголемиот божиќен тематски парк во Грција. Се наоѓа на само 63 км од градот Лариса и 220 км од Солун, околу 2 часа и 15 минути со автомобил.
Просторот нуди многу забава за деца и возрасни, со бесплатни активности и разни настани кои траат во текот на целиот период на неговото работење.
Годинава, Мелницата на џуџињата ги отвора вратите за посетителите на 24 ноември и ќе биде отворена до 7 јануари 2024 година, секој ден од 10:00 до 22:00 часот.
Темата на ова „божиќно село“ во Грција се менува секоја година, а влезот е бесплатен. Оваа година темата е „Талентирани мачки“
Во паркот можете да најдете слатки, разновидна храна (сувлаки, плескавици, виршли, палачинки, вафли, крофни), пијалоци, кафе, варено вино, играчки… Мелницата на џуџињата обично вклучува области со бесплатни активности: Куќа на Дедо Мраз, Ледено Кралство, Кралство на бонбоните, Пошта на Џуџињата, фабрика за чоколади, бунар за желби, Цветно царство, волшебни печурки, цртање на лице итн. Покрај овие, има дополнителни активности како лизгалиште, џуџиња, слаткарница за џуџиња, божиќен пазар и забавен парк.
Пејзажот ве води во светот на бајките, додека девојките и момчињата облечени како џуџиња ги опслужуваат посетителите со широки насмевки.
Во фабриката за чоколади има широк избор на вкусови на кои не можат да одолеат ниту децата, ниту возрасните. Во мелницата можете да видите и рачно изработени ситници направени од џуџиња, село Playmobil, река со вистински патки и гуски, лавиринт со растенија, гумен тобоган и замок со продавници.
Веднаш до паркот има голем бесплатен паркинг за сите посетители.
ЦЕНА ЗА ВОЗРАСНИ: 2.000 денари по лице
ЦЕНА ЗА ДЕТЕ до 12 години: 1.800 денари по лице
Поаѓање од: Скопје / Струмица
Почувствувајте ја Божиќната магија во Божиќното село во Трикала, Грција. Манифестација која оваа година започнува на 29.11.2023 и трае до 05.01.2024.
Барем на еден ден препуштете се на фантазиите и бидете дел од една Божиќна бајка. Уживајте во вкусните чоколади,грееното вино и препуштете се на забавата.
Термини за еднодневни тури:
03.12.2023
08.12.2023
10.12.2023
17.12.2023
24.12.2023
Собирање на групата во 04:45 на Дрво Декор.
Поаѓање за Трикала во 05:00.
Утринско возење со попатни паузи за царински формалности и одмор.
Слободно време за индивидуални активности и Божиќно уживање во божиќното село.
Настани на Божиќното село: Домот на Дедо Мраз, Куќата на бајките и волшебната шума, Ќуката на џуџињата, Фабриката за чоколадо
Тргнување за Скопје во 18:00 часот по локално време.
Цена за поаѓање од Скопје – 1800 мкд
Цена за поаѓање од Струмица – 1500 мкд
За деца до 11.99 попуст 200 ден ( важи за Скопје )