0
Your Cart is Empty
Грција
Атос (Трет крак)
Ставрос
Лето 2025
Ставрос е идеално место за семејно летување, за оние кои сакаат да поминат релаксирачки одмор, како и за млади. Има особено блага клима, песочни плажи кои во еден дел од градот се со нагласено плитко море и развиена трговска мрежа која за време на летниот период е во постојана функција на туристите. Градот е оддалечен од Солун само 80 километри, а во непосредна близина се наоѓаат туристичките места Неа Врасна и Аспровалта со кои е поврзан со автобус кој сообраќа преку целиот ден. Градот изобилува со маркети, ресторани, таверни, кафетерии, слаткарници, пекари, продавници за гардероба и сувенири… Во центарот на градот има луна парк и најразновидни забавни игри за децата, убаво уреден парк, мало пристаниште, банка… Во близина на Ставрос се наоѓа познатото место Олимпијада каде Ви препорачуваме да ја посетите фантастичната Платинеста плажа.
Апартхотелот „Alexander Inn“ е лоциран на само 50 метри од плажата во Ставрос. Во состав на хотелот има пица-ресторан и кафе бар, а во дворот на хотелот има преубав базен опкружен со лежалки и чадори кој им е на располагање на гостите. Во прекрасниот амбиент на хотелскиот комплекс посебен простор е уреден за најмладите-детското катче е опремено со играчки каде децата безбедно можат да се забавуваат. Во нашата понуда имаме трокреветни студија на високо приземје и на прв спрат кои имаат тераси со директен и бочен поглед кон базенот. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување, купатила, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената, а постелнината и крпите се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целиот објект е со сончеви колектори, а хотелот е покриен со безжичен интернет.
Термин: | Нокевања: | 1/3 студио | 1/3 студио поглед базен |
---|---|---|---|
26.05–05.06.2025 | 10 | 300€ (18.600) | 320€ (19.840) |
05.06–15.06.2025 | 10 | 400€ (24.800) | 420€ (26.040) |
15.06–25.06.2025 | 10 | 500€ (31.000) | 520€ (32.240) |
25.06–05.07.2025 | 10 | 600€ (37.200) | 620€ (38.440) |
05.07–15.07.2025 | 10 | 700€ (43.400) | 720€ (44.640) |
15.07–25.07.2025 | 10 | 750€ (46.500) | 770€ (47.740) |
25.07–04.08.2025 | 10 | 750€ (46.500) | 770€ (47.740) |
04.08–14.08.2025 | 10 | 750€ (46.500) | 770€ (47.740) |
14.08–24.08.2025 | 10 | 750€ (46.500) | 770€ (47.740) |
24.08–03.09.2025 | 10 | 700€ (43.400) | 720€ (44.640) |
03.09–10.09.2025 | 7 | 450€ (27.900) | 470€ (29.140) |
10.09–17.09.2025 | 7 | 400€ (24.800) | 420€ (26.040) |
17.09–24.09.2025 | 7 | 300€ (18.600) | 320€ (19.840) |
Студио бр. 9
Трокреветно студио на високо приземје кое има еден дупли и еден единечен кревет, мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има сопствено купатило со нормална големина. Студиото располага со пространа тераса која има директен поглед на базенот, опремена со пластична маса и столчиња. Терасата е поврзана со терасата на студиото бр. 10.
Студио бр. 10
Трокреветно студио на високо приземје кое има три единечни кревети, мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има сопствено купатило со нормална големина. Студиото располага со пространа тераса која има директен поглед на базенот, опремена со пластична маса и столчиња. Терасата е поврзана со терасата на студиото бр. 9.
Студио бр. 11
Трокреветно студио на високо приземје кое има еден дупли и еден единечен кревет, мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има сопствено купатило со нормална големина. Студиото располага со тераса опремена со пластична маса и столчиња која има поглед во дворот на хотелот и кон паркингот, како и бочно кон базенот.
Студио бр. 12
Трокреветно студио на високо приземје кое има еден дупли и еден единечен кревет, мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има сопствено купатило со нормална големина. Студиото располага со пространа тераса која има поглед кон улицата, опремена со пластична маса и столчиња. Терасата е поврзана (со преграда) со терасата на студиото бр. 13.
Студио бр. 13
Трокреветно студио на високо приземје кое има еден дупли и еден единечен кревет, мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има сопствено купатило со нормална големина. Студиото располага со пространа тераса која има поглед кон улицата, опремена со пластична маса и столчиња. Терасата е поврзана (со преграда) со терасата на студиото бр. 12.
Студио бр. 17
Трокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли и еден единечен кревет, мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има сопствено купатило со нормална големина. Студиото располага со тераса со пластична маса и столчиња која има поглед во дворот на хотелот и кон паркингот, како и бочно кон базенот.
Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Хотелот има сопствен паркинг.
– Цените во табелата се однесуваат за наем на цел апартман без вклучен превоз
– Туристичката агенција има право да ги продаде преостанатите капацитети по last minute понуда. Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената
– Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по early booking цена, се применуваат општите условите за отказ согласно потпишаниот договор за патување. Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин
– Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
– Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 09.00 часот по локално време
– Доплата за туристичка такса во Грција-2 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
– Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари
– Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Ставрос-Неа Рода
– Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
– Цена на повратен билет 50 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 години-40 евра… Цена за билет во еден правец 40 евра; деца од 2-12 години 35 евра. Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплатата.
Напомена: Патниците се оставаат до најблиската локација до каде има пристап за превозното средство. Секој патник самостојно го пренесува својот багаж од автобусот до сместувачките капацитети. Багажот е ограничен на еден голем куфер и една мала патна торба по патник.
ADAC