0
Your Cart is Empty
ШПАНИЈА – АВТОБУС СЕПТЕМВРИ 2025
07.09.2025-18.09.2025
ЦЕНА: 649 ЕУР – РАНА УПЛАТА (До 01.04.2025)
Цена по 17.04.2025 – 699 еур
ШПАНИЈА АВТОБУС | Рана уплата | Регулар цена | ||
07.09 – 18.09.2024 | Lloret De Mar | Hotel Don Juan 4* | 649 eur | 699 eur |
Хотелски комплекс кој располага со 2 надворешни базени,простор за одмор и детски базен. Оддалечен од центарот на градот Лорет де Мар на само 100 метри.
Собите се со сопствено купатило, клима уред и сателитска ТВ.
Има комплетна забавна програма за сите возрасти. Собата за игри вклучува маса за билјард, пинг-понг и има тениско игралиште на лице место. Гостите можат да се релаксираат во ТВ-собата. Хотелот нуди и широк спектар на дневни и ноќни активности.
Сите оброци се служат во ресторанот Нива, украсен со јапонски градини и нуди широк спектар на медитеранско и шоу готвење во стил на шведска маса. Исто така постои и бар услуга покрај базенот.
Веб страна на хотелот: Hotel Don Juan 4*
Дополнителни информации:
– Резервација на место се прави со задолжителна уплата од 6000 ден.
– Попуст за дете од 2 до 12 год – 40 еур
– Резервација на посакувано место во автобус – 1000 ден од седиште по лице
– Дозволено е само еден голем куфер до 20 кг по лице и еден ранец за патување
– Пасошот мора да биде валиден 90 дена од влез во Европска Унија
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ
Посета на Венеција со Брод – 30€ по лице
Пристигнување на пристаништето Пунто Сабиони во претпладневните часови (околу 10.00)
Почеток на турата со посета на: Мостот на воздишките, плоштадот Св.Марко, Дуждовата палата, мостот Риалто, прекрасните мали канали како и големиот канал кој ја дели Венеција на 2 делови.
Можност за индивидуално слободно време за прошетки, возење со гондола, посета на продавници и сл.
Посета на Верона – Бесплатно
Пристигнување во Верона
Прошетка низ центарот на Верона, посета на една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати концерти на најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте Алигиери
Посета на Кан, Ница и Монако и Монте Карло – Бесплатно
Посета на Пристаништето на Кан, Филсмкиот фестивал, посета на промеданата на Ница, патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот и целиот ноќен гламур на Монако и Монте Карло со луксузните казина, јахти, крузери и уникатни автомобили.
Барселона Панорамика – 65€ по лице
Целодневен разглед на Барселона и посета на Саграда Фамилја, куќите на Гауди & Paseo de Gracia, плоштад Каталуња, споменикот Кристофер Колумбо, Монжуик и влезница за Паркот – Шпанско Село. Слободно време за шопинг и индивидуални активности во центарот на градот (Estacio de Franca)
Аквариум Барселона – 35€ по лице
Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.
Фламенго Вечер – 35€ по лице
Трансфер до локацијата, влезница и Сангрија (Традиционално Шпанско вино)
Музеј Дали + Георна – на барање
Откријте го музејот Салвадор Дали во Фигерес и магичниот средновековен град Жирона, двете од најпознатите атракции во северна Каталонија.
Музеј на Дали – е музеј на уметникот Салвадор Дали во неговиот роден град Фигереш, во Каталонија, Шпанија. Срцето на музејот е градскиот театар што Дали го знаел како дете. Музејот ја прикажува единствената најголема и најразновидна колекција на дела на Салвадор Дали.
Херона – позната по својата средновековна архитектура, заграден со ѕидови Стариот кварт (Бари Вел) и римските остатоци од тврдината Форца Вела. Украсените градини се наредени низ Passeig Arqueològic, патека по средновековните ѕидини на Стариот кварт, кои вклучуваат караули со огромен поглед.
*Можност за дополнителни факултативни екскурзии по барање на групата
* За секоја факултатива потребно е минимум 25 патници
Поаѓање од Скопје во 14.00 ч.
Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија.
Пристигнување во утринските часови на пристаништето Пунто Сабиони и започнување со првата факултативна екскурзија во Венеција.
Сместување во хотел во регијата Венето (Хотел со 2* или 3*)
Ноќевање.
Појадок и поаѓање кон Верона
Прошетка низ центарот на Верона, посета на една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати концерти на најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте Алигиери
Поаѓање кон Шпанија - Ноќно возење
Пристигнување во Калела и сместување во хотел со 4*
Калела е едно од најубавите места на Коста Брава на само 40 км од Барселона. Мирен град, со многу локални продавници за сувенири, шопинг, ресторани и преубави големи песочни плажи.
Во хотелот имаме 3 оброци (појадок, ручек и вечера) - Шведкса маса.
28.06.2025 - 04.07.2025 - Престој во Калела- Summer Hotel.
04.07.2025 - После појадок поаѓање кон Кан и Ница. Сместување во хотел во Кан / Ница со 2/3*
Посета на Пристаништето на Кан, Филсмкиот фестивал, посета на промеданата на Ница, патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот и целиот ноќен гламур на Монако и Монте Карло со луксузните казина, јахти, крузери и уникатни автомобили.
Ноќевање
Појадок и одјавување од хотел
Поаѓање кон Скопје.
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.