РИМ во февруари - со авион 15.02.2025 - 18.02.2025

Опис на тура
Вклучено / Не е вклучено
План
Оцени

Рим – италијанската престолнина која ќе ве маѓепса со својата богата историја и уникатниот спој на традиција и современ живот. Градот познат како Вечниот, со своите седум ридови, е вистинска ризница на културно наследство и духовен центар, кој низ милениуми бил срцето на најмоќното царство и седиште на Ватикан.

Посетителите го доживуваат како музеј на отворено, но и како динамична метропола која постојано се развива. Рим плени со својата опуштена атмосфера и виталност, каде минатото и сегашноста се испреплетуваат на секој чекор. Благодарение на современата архитектура, уметноста, модата и гастрономијата, градот продолжува да инспирира и привлекува нови посетители, задржувајќи ја својата популарност како омилена дестинација.

ПРОМО ЦЕНА: 399 € (24.740 ден.)

Редовна цена по лице: 499 

Факултативни излети:

  • Посета на Ватикан со водич и вклучена влезница (45 – 55 € по лице)
  • Посета на Колосеумот со водич и вклучена влезница (35 – 45 € по лице)

 

*Влезници во останати објекти се со доплата.

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

  • Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.
  • При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 30% од вкупниот износ и најдоцна 15 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.
  • Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

– За програмата важат Општите Услови на патување на СКТМ.

– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

– ТЕРМИНИТЕ и ЦЕНИТЕ на аранжманот се подложни на промени и се согласно моментална расположливост.

– Распоредот на активностите е подложен на промени согласно можностите и временските услови.

– За реализација на патувањето е потребен минимален број од 10 патници. Доколку минималниот број на патници не се исполни патниците патуваат без придружник од агенцијата, но со сите потребни информации за патувањето, рутите на движење, информации за превозните средства кои ќе се користат и достапност за консултации и прашања за време на целото патување.

– Кај аранжманите кои вклучуваат авио превоз, по купувањето на картата не е возможна рефундација на истите и во тој случај важат условите на авио компанијата.

– Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со low cost авио компанија, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекцијата, патниците се должни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.

– Цените со low cost аранжмани подложни се на промени и по уплатата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.

– Агенцијата не сноси одговорност за промени на конекциите на авио компаниите.

– Наведените саатници на летовите во програмата подложни се на промени и зависат од авио компанијата.

 

Пред секое патување Ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на СКТМ.

Вклучено / Невклучено

  • Авио превоз Скопје - Рим – Скопје
  • Аеродромски такси – подложни на промена
  • Рачен багаж – ранче (40cmх30cmх20cm)
  • Трансфери од аеродром до хотел и од хотел до аеродром
  • 3 ноќевања во хотел на база ноќевање со појадок
  • Трошоци за организација на патувањето
  • Факултативни излети
  • Градска туристичка такса
  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци на патниците

План

01 ДЕН (15.02.2025) СКОПЈЕ – РИМ (Fontana di Trevi; Spanish Steps; Pantheon; Piazza Venezia)

Пристигнување на аеродромот во Скопје три часа пред летот кој полетува за Рим во 16:50 часот и слетува во 18:40 часот. Организиран трансфер до хотелот и сместување.
Во вечерните часови прошетка во околината со посета на Fontana di Trevi, Spanish Steps, Pantheon и Piazza Venezia. Вечера во еден од многубројните ресторани/пицерии. После вечерата и прошетката враќање назад во хотелот. Ноќевање.

02 ДЕН (16.02.2025) РИМ (Colosseum; Roman Forum; Piazza Venezia)

Појадок. После појадокот се упатуваме кон Колосеумот - најголемиот амфитеатар во Рим и светот. Бил изграден од царот Тит Флавиј Веспазијан кој го започнал во 72 г.н.е., а неговиот син царот Тит Флавиј Сабин Веспазијан го завршил во 80 г.н.е. Во Колосеумот се одржувале гладијаторски борби и борби помеѓу животни, а собирал до 55.000 гледачи.
После посетата на Колосеумот одиме кон Римскиот форум кој претставувал средиште на политичкиот, правниот, стопанскиот, културниот и религиозниот живот на Стариот Рим. Во времето на Стариот Рим форумот бил урбано место, денес личи на расфрлан збир од урнатини, но со извесна фантазија посетителите можат да си го претстават ова место и животот во некогашното Римското Царство. На наоѓалиштето сè уште се видливи остатоци од многу згради од различни периоди, храмови, базилики и триумфални сводови.
Од Римскиот форум се упатуваме кон Пијаца Венеција, плоштад лоциран во централниот дел на Рим. Се наоѓа на дното од Ридот Капитол близу Римскиот Форум. Во него доминира големиот споменик на Виктор Емануел Втори. Се посетува внатрешноста на палатата и потоа се искачуваме на Ридот Капитол од каде се пружа прекрасен поглед кон градот. Кратка пауза и слободно време. После паузата во вечерните часови групата има прошетка преку Ponte Garibaldi до областа Трастевере каде има вечера во еден од многубројните ресторани. После вечерата враќање назад во хотелот. Ноќевање.

03 ДЕН (17.02.2025) РИМ (Ватикан и Базиликата; Fontana di Trevi; Pantheon)

Појадок. После појадокот одиме во посета на Ватикан познат и како Светиот град. Toa e најмалата независна држава на светот и по површина и по население. Ватикан е седиште на папата, кој претставува поглавар на Римо-католичката црква. Базиликата Свети Петар е соборна црква во Ватикан, посветена на апостол Петар и е најголемиот христијански храм во светот.
Од Ватикан се упатуваме кон Fontana di Trevi која е најголемата (висока 26м. и широка 20м.) и најамбициозната барокна фонтана во Рим. Се наоѓала на раскрсницата на три патишта (tre vie) и означувала крајна точка на „Acqua Vergine“ - еден од најстарите аквадукти кои го снабдувале Рим со вода.
Од Fontana di Trevi одиме кон Pantheon кој е една од најдобро сочуваните монументални згради од антиката. Изграден е во 125 г. и оттогаш е во постојана употреба. Пантеонот е огромна градба, која се состои од влезен правоаголен дел кој се потпира на колонада од столбови и главен цилиндричен дел покриен со купола. Кратка пауза и слободно време. Враќање назад до хотелот. Ноќевање.

04 ДЕН (18.02.2025) РИМ – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот одјавување од собите. Слободно време за прошетка и шопинг. Организиран трансфер до аеродром во Рим со пристигнување три часа пред летот кој полетува во 19:10 часот и слетува во Скопје во 20:50 часот.

Од
399  499 
Форма За Пребарување
1
399 
Депозит 30% По содржина
Available:
Вкупно:
1
399