0
кошничката е празна
Италија
Рим
Лето 2026
Hotel San Lorenzo B&B 3*
Авион
Појадок
4 ноќевања / 5 дена
Скопје
Дочекaјте ја Новата 2027 година во вечниот град Рим! Уживајте во неговата неповторлива атмосфера, прошетајте покрај Колосеумот, фонтаната Треви и плоштадот Навона и доживејте незаборавни празнични моменти во еден од најромантичните градови во Европа.
– Посета на Тиволи со јавен превоз, резервација, локален водич, слушалки и влезница во Вила Д’Есте:
STANDARD (доплата 80€) | SUPERIOR √ (доплата 80€) | PREMIUM √ (вклучено)
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 13:55 часот. Лет за Рим во 15:55ч. Пристигнување во Рим во 17:40 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Вечерта слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.
Појадок. Пешачки панорамски разглед со јавен превоз: Триумфалната порта на цар Константин, Колосеум, Римски форум, плоштад Кампидољо, плоштад Венеција, Виа Дел Корсо, фонтана di Trevi, Шпански скали, плоштад Пјаца дел Пополо. Ноќевање.
Појадок. Факултативна посета на Ватикан (музеи, Сикстинска капела, црква Св. Петар). По разгледот, прошетка покрај Замокот на Ангелите до плоштадот Навона со фонтаната Fontana dei Quattro Fiumi. Индивидуален дочек на Новата Година на некој од познатите плоштади. Ноќевање.
Појадок. Факултативна прошетка со јавен превоз до катедралата Сан Џовани Латерано, базиликата Санта Марија Маџоре, црквата Сан Пјетро ин Винколи, Колосеум и црквата Сан Клементе (гроб на Св. Кирил). Вечерта препорачана прошетка низ Трастевере. Ноќевање.
Појадок. Факултативна посета на Villa D’Este во Тиволи, позната по своите импресивни градини и фонтани (UNESCO). Враќање во Рим. Трансфер до аеродромот во 15:00ч. Лет за Скопје во 18:20ч. Пристигнување во Скопје во 20:05 часот.