0
Your Cart is Empty
Црна Гора
Мртање
Патувања
Рафтингот на реката Тара со кањонирање на реката Пива се невероватно доживување.
Kуќичките и бунгалови се изградени од целосно природни материјали, главно дрво, и ви овозможуваат целосно да и се предадете на природата и целосно да уживате во неа.
Има двокреветни, трокреветни и шесткреветни соби, а терасите кои се издигнати над реката Пива нудат можност за незаборавна релаксација
Цена ло лице :
220 € сместување во 1/6 соба
230 € сместување во 1/3 соба
240 € сместување во 1/2 соба
23.05.2024 Битола-Скопје-Куманово-Приштина-Мртање (Црна Гора)
Состанок со групата во 17:30 часот во Битола, (паркинг на Спортска сала).
Поаѓање кон Скопје во 17:45 часот.
Пристигнување во Скопје 20:30 часот (Окта Пуцко Петрол, до хотел Континетал).
Ноќно возење со попатни одмори, царински формалности.
24.05.2024 Ден за планинарење
Пристигнување во раните утрински часови во Мртање (појдовна точка за искачување).
По пристигнувањето, мал одмор и припрема и подесување на опремата во зависност од временските услови. Поаѓање од Мртање кон врвот Велики Маглиќ – 07:00 часот. Највисока точка – 2386 мнв Велики Маглиќ
Слегување од Вилики Маглиќ кон Трновачко Езеро и пристигнување во Превој.
Предвидено траење на планинарска акција – 12:00 часa.
Тежина на патека Класа 2
Пешачење, лесна (патека достапна за одредена група луѓе со добра здравствена состојба и со основно планинарско знаење).
Опрема
Високи чизми, ракавици, кабаница, очила за сонце, стапчиња за планинарење.
Храна и вода
Јаткасти плодови, 2 оброци, храна богата со јаглехидрати, суво овошје, вода 2л.
Пристигнување во Превор (завршување на планинарска акција) – 19;00 ч .
Патување кон Модра река (Рафтинг камп) со автобус 1 час.
Пристугнување во Модра Река (Рафтинг Камп) околу 20:00 чaсот
Сместување во рафтинг камп “Modra Rijeka” monteriver.com во избраниот тип на соби.
Вечера. Ноќевање.
25.05.2024 Ден за Рафтинг на Тара
Појадок. По појадок, припрема за рафтинг на Тара во 10:00 ч.
(облекување на одела, добивање на инструкции од стручните водичи…).
Во 11:00 ч.– Поаѓање со теренски возила до Брштановице
(почетната точка за рафтингот), возење околу 40 мин.
Уживање во прекрасните пејсажи.
Во 12:00 ч. пристигнување во Брштановице и почеток на рафтингот.
Во наредните неколку часа време за рафтинг, а во договор со стручните водичи се договараат активностите (капење, посета на водопадот, фотографирање, уживање во недопрената природа, како и 18 км феноменални брзаци на реката Тара.
Во 15:00 ч. поаѓање кон Рафтинг Камп “Модра Ријека” ручек на брегот на реката Пиве.
Време за одмор или индивидуални активности.
Во договорено време организирана вечера со музика. Ноќевање
26.05.2024 Македонија
Појадок. Одјавување од собите. Во договорено време поаѓање кон Македонија.
Денско и ноќно возење со попатни паузи, гранични и царински формалности.
Пристигнување во Македонија во вечерните часови.