0
Your Cart is Empty
Грција
Касандра (прв крак)
Полихроно
Лето 2025
За резервација е доволно уплата од 50%, остатокот на 7 дена пред поаѓање
ПЛАЌААТ МИНИМУМ ДВЕ ЛИЦА ВО АПАРТМАН 1/2+1 И ТРИ ЛИЦА ВО 1/3+1; 1/4 и во 1/5 апартман ЈУНИ И СЕПТЕМВРИ. ЗА СОПСТВЕН ПРЕВОЗ, ЦЕНАТА НЕ СЕ НАМАЛУВА НА ПРОМО ЦЕНИ
АКЦИСКИ ЦЕНИ! ПОБРЗАЈ И РЕЗЕРВИРАЈ
ТЕРМИНИ |
1/2+1АПП |
1/3+1 АПП |
1/4 АПП |
1/5 ДУПЛЕКС АПП |
25.05-01.06.2025 |
99€ |
99 € |
99 € |
99 € |
01.06-08.06.2025 |
109 € |
109 € |
109€ |
109 € |
08.06-15.06.2025 |
129 € |
129€ |
129 € |
129 € |
15.06-22.06.2025 |
179 € |
179 € |
179 € |
179 € |
22.06-29.06.2025 |
189 € |
189 € |
189 € |
189 € |
Полихроно се наоѓа на првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун. Опкружено со бујна медитеранска вегетација, долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца. Уживајте заедно со целото семејство на убавото осветлено шеталиште покрај морето кое има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, пици и друга брза храна.
Вила Тулис (целосно реновирана) се наоѓа на 300 метри од плажа во самиот центар на Полихроно, веднаш над црквата. Вилата располага со апартмани за три, четири и дуплекс апартмани за пет лица, комплетно опремени со кујна, тоалет и тераса. За секој апартман има обезбедено приватен бесплатен паркинг, заеднички двор за дружење на гостите, иралиште за кошарка и приватна теретана. Одличен избор за семејства. Сите апартмани се опремени со клима уред чие користење се доплаќа 35 евра за 7 ноќевања на лице место кај газдите на вилата.
ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕ:
Располага со 11 апартмани поделени во две згради.
Во зграда број 1 се наоѓаат:
Апп бр. 8 (ЗА 4 ЛИЦА) – се наоѓа на приземје. Апартманот има комплетно опремена кујна со голем фрижидер, решо, маса за ручање и брачен кревет. Лево е тоалетот. Спалната е со брачен кревет, вграден плакар, шминкерница. Оваа соба гледа према двор.
Апп бр.9 (ЗА 4 ЛИЦА) – се наоѓа на приземје, одма до апартман бр. 8. Апартманот има соба со брачен кревет, плакар и фрижидер (голем). Десно е тоалетот со стандардна големина. Во кујната која е комплетно опремена има брачен кревет, масичка за ручање, плотна со две грејни тела, електрично ѓезве за кафе,тв и клима. Спалната и кујната се одделени со врата. Апартманот е ист како апартман број 8.
Дуплекс апп бр.10 (ЗА 5 ЛИЦА) – се наоѓа на први кат. Апартманот има комплетно опремена кујна со голем фрижидер, плотна и маса за ручање. Лево се наоѓа тоалетот, а десно има соба со брачен кревет и еден единечен кревет, плакар и тв. Другата соба има брачен кревет и климата. Собата гледа према двор.
Апп бр. 12 (ЗА 3 ЛИЦА)– се наоѓа на неколку скали над приземје. Апартманот има комплетно опремена кујна со голем фрижидер, решо и маса за ручање. Лево е тоалетот, а право соба со брачен кревет и еден единечен каде има тв и клима. Оваа соба гледа према паркингот.
Апп бр.13 (ЗА 3 ЛИЦА) – се наоѓа на приземје. Апартманот има комплетно опремена кујна со голем фрижидер, решо, маса за ручање и софа за спиење во кујна (препорачуваме на софата да спие дете). Тоалетот е десно, а право се наоѓа спалната соба со брачен кревет, шминкерница, тв и клима. Оваа соба има поглед према паркинг и има посебен влез позади.
Во зграда број 2 се наоѓаат:
Дуплекс апп бр.1 (ЗА 5 ЛИЦА) – се наоѓа на високо приземје(меѓу кат). Веднаш лево е едната спална соба со брачен кревет, голем плакар, шминкерница и овде е климата. Другата спална соба има брачен кревет и еден единечен кревет, со балкон кој е заеднички со кујната, овде има телевизор. Право е тоалетот, а од десна страна пространа кујна опремена со сите елементи, голем фрижидер и масичка за ручање со тераса со мал поглед на море.
Апп бр.2 (ЗА 4 ЛИЦА) – се наоѓа на први кат. Има спална соба со еден брачен кревет и еден единечен кревет, со вграден плакар. Комплетно опремена кујна со софа на спуштање. Балконот е со поглед на двор.
Апп бр.3 (ЗА 4 ЛИЦА) – се наоѓа на прв кат, за оваа соба има посебен влез и има 9 скали за до првиот кат. Голема кујна со единечен кревет, со плотна и голем фрижидер. Право е тоалетот. Има спална со брачен кревет и софа. Климата и тв се во спалната. Терасата гледа позади.
Дуплекс апп бр.4 (ЗА 5 ЛИЦА) – се наоѓа на први кат. Едната спална е со брачен кревет, другата е со брачен кревет и еден единечен, а плакарот е во ходникот. Апартманот има целосно опремена кујна и голем фрижидер. Оваа соба има тераса во ге и има поглед према море.
Апп бр.5 (ЗА 4 ЛИЦА) – се наоѓа на втори кат. Десно има соба со брачен и еден единечен кревет, со тв и клима. Апартманот има комплетно опремена кујната со софа, плотна и голем фрижидер. Лево е тоалетот. Тераса со поглед на двор. Препорачуваме двајца возрасни и две деца или тројца возрасни и дете.
Апп бр.6 (ЗА 4 ЛИЦА) – се наоѓа на втори кат. Кога се влегува веднаш е кујната целосно опремена со плотна, голем фрижидер и тука право е плакарчето. Во кујната има единечен кревет за деца до 13 години и софа. Лево е собата со брачен и еден единечен кревет исто за деца до 13 години, тв и клима. Оваа соба има две тераси, една од кујната и една од спалната. Препорачуваме за двајца возрасни и две деца или тројца возрасни и дете.
Термините 25.05; 01.06; 08.06; 15.06; 22.06; 07.09; 14.09 и 21.09 се промо цени по лице со вклучен превоз
Период | 1/2+1 наем |
1/3+1 наем |
1/4app наем |
1/5duplex наем |
---|---|---|---|---|
01.06.2025 7 ноќи |
ПРОДАДЕНО | ПРОДАДЕНО | ПРОДАДЕНО | 109 |
08.06.2025 7 ноќи |
ПРОДАДЕНО | ПРОДАДЕНО | ПРОДАДЕНО | 129 |
15.06.2025 7 ноќи |
ПРОДАДЕНО | 179 | 179 | 179 |
22.06.2025 7 ноќи |
ПРОДАДЕНО | 189 | 189 | 189 |
29.06.2025 7 ноќи |
515 | 535 | 535 | 630 |
06.07.2025 7 ноќи |
555 | 575 | ПРОДАДЕНО | 749 |
13.07.2025 7 ноќи |
615 | 635 | 635 | 749 |
20.07.2025 7 ноќи |
615 | 635 | ПРОДАДЕНО | 749 |
27.07.2025 7 ноќи |
615 | 635 | 635 | 749 |
03.08.2025 7 ноќи |
615 | 635 | 635 | 749 |
10.08.2025 7 ноќи |
615 | 635 | 635 | 749 |
17.08.2025 7 ноќи |
555 | 575 | 575 | 690 |
24.08.2025 7 ноќи |
515 | 535 | 535 | 630 |
31.08.2025 7 ноќи |
450 | 490 | 490 | 550 |
07.09.2025 7 ноќи |
420 | 450 | 450 | 490 |
14.09.2025 7 ноќи |
149 | 149 | 149 | 149 |
21.09.2025 7 ноќи |
109 | 109 | 109 | 109 |
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
Наем на апартман за 7 ноќевања/8 дена
Wi fi интернет
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
Туристичка такса 2 еур. на ден се плаќа во агенција
Здравствено и патничко осигурување
Клима уред се доплаќа на лице место во објектот
Превоз- за возрасен 50еур / 40 еур во еден правец ; деца од 2-11.99г. 40eур / 30 еур во еден правец; деца до 2год. (без седиште)-Бесплатно
НАПОМЕНА
1. Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
2. Цените се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност ( 1 евро=62мкд)
3. Вонсезонските цени за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ, за промо цените не се намалува.
4. Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање да се смести едно дете до 5.99 години, во кревет со двајца возрасни.
5. Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.
6. Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ULTRA FIRTS, LAST MINUTE и BLACK FRIDAY понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кое се објавени во ценовникот. Лицата кои веќе го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средствата за разликата во цена.
7.Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
8. При отказ на аранжманот од страна на клиентот од било која причина ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 мкд.
9. Сместувањето во собите е по 14:00 часот локално време, напуштањето на истите е во 09:00 часот локално време.
10. При спојување на последователен термин, одобруваме 10% попуст на вториот термин на редовната цена.
11. По завршувањето на летувањето, патниците се должни да го остават апартманот/студиото во чиста состојба. Доколку е причинета одредена материјална штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопствениот на вилата.
12. За ова патување важат општите услови за патување на CKTM
Дадените цени во табелата се по лице со вклучен превоз 25.05; 01.06; 08.06; 14.09 и 21.09, а цените во јули и август се за наем на апартман
ADST