Коста Брава, Барселона со авион 2026 (Хотел Alegria Mariner 4*)

Држава

Шпанија

Регион

Коста Брава

Град

Барселона

Категорија

Лето 2025

Опис на тура
Вклучено / Не е вклучено

Доживејте незаборавно сончево бегство на Коста Брава – овој рајски крај ќе го задоволи секој ваш сетил за убавина, комбинирајќи ги медитеранските плажи со духот на традиционалната шпанска култура! Лежете на златните песочни брегови, нурнете во кристално чистите води и прошетајте низ идиличните прибрежни градови и локалните пазари, додека се опуштате во луксузни хотели со врвни услуги и гастрономски специјалитети.

Хотел ALEGRIA Mariner е модерен хотел со 4 **** во Лорет де Мар, Шпанија сместен на само 3 минути пеш од плажата. Овој хотел е препорачан за возрасни, што го прави идеален избор за парови и пријатели кои сакаат релаксирачки одмор на Коста Брава.

Хотел Маринер во Лорет де Мар е совршено место за опуштање и уживање во прекрасните плажи и живата атмосфера на Коста Брава. Сместен во срцето на ова популарно летувалиште, нуди удобен престој, пристап до сите клучни атракции и врвни услуги. Со ветување за удобност, опуштање и авантури, престојот во Хотел Маринер е шанса да се опуштите и наполните со енергија, создавајќи спомени кои ќе ги паметите засекогаш.

Сместување

  • Пространи и светли соби со приватен балкон и поглед кон море, базен или планина
  • Клима уред, сателитска ТВ, сеф, приватна бања со фен и бесплатна козметика
  • Надворешен базен и сончева тераса
  • Дозволени домашни миленици

Храна и забава

  • Бифе-ресторан со разновидна континентална и интернационална кујна
  • Вечерна програма со жива музика и тематски вечери со локални специјалитети еднаш неделно

Дополнителни услуги

  • 24-часовна рецепција
  • Багажна служба
  • Бесплатен појадок
  • Wi-Fi
  • Одлична локација

Хотелот е на само неколку минути пеш од центарот на Лорет де Мар, што го прави совршен за истражување на градот, шопинг и ноќен живот.

Полупансион + Трансфер + Авионски билети

Дата Ноќи Возрасно лице (Adults Only) 3-то Возрасно лице Еднокреветна соба
18.06 – 25.06 7 799 € 729 € 45 €/ноќ/лице
25.06 – 02.07 7 829 € 749 € 45 €/ноќ/лице
02.07 – 09.07 7 849 € 769 € 45 €/ноќ/лице
09.07 – 16.07 7 849 € 769 € 45 €/ноќ/лице
16.07 – 23.07 7 849 € 769 € 45 €/ноќ/лице
23.07 – 30.07 7 899 € 799 € 45 €/ноќ/лице
30.07 – 06.08 7 949 € 849 € 45 €/ноќ/лице
06.08 – 13.08 7 949 € 849 € 45 €/ноќ/лице
13.08 – 20.08 7 949 € 849 € 45 €/ноќ/лице
20.08 – 27.08 7 899 € 799 € 45 €/ноќ/лице
27.08 – 03.09 7 849 € 769 € 45 €/ноќ/лице
03.09 – 10.09 7 829 € 749 € 45 €/ноќ/лице

Барселона Панорамика- 65€, деца од 2-12 35€

Целодневен излет – Обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди

Тргнување во утринските часови со автобус од Коста Брава.
По пристигнувањето во Барселона, се искачуваме на ридот Монжуик, кој се наоѓа во самиот центар на градот, на 213 метри надморска височина, од каде се пружа восхитувачки поглед на градот и пристаништето. Според легендата, самиот Дон Кихот ги набљудувал битките од ова ритче.

Поминуваме покрај Олимпискиот стадион, каде моментално игра фудбалскиот клуб Барселона, и правиме пауза во познатото шпанско село – Пуебло Еспањол. Таму, 117 градби од сите 17 шпански покраини ќе ви ја доловат архитектурата на оваа прекрасна земја – сè на едно место.

Потоа ги разгледуваме магичните фонтани, шпанскиот плоштад – Плаза Еспања, централниот Плаза Каталуња, како и најскапата улица во градот – Пасео де Грасија, каде се наоѓаат двете познати куќи на Гауди: Каса Батљо и Каса Ла Педрера.
И, секако, неизоставната базилика Саграда Фамилија – најпознатото дело на Антони Гауди, кое се гради веќе над 140 години. Ништо слично не постои во светот.

Следи возење со автобус покрај Триумфалната капија и Паркот Сиутадела, по што ќе имате слободно време за индивидуални активности. Можете да го искористите за посета на Аквариумот, прошетка по Барселонета или по најпосетената улица Ла Рамбла, каде се наоѓа една од најубавите пазари во светот – Ла Бокерија. Во близина се и уличките на Готската четврт, кои кријат многу тајни и историски знаменитости од стариот град Барцино.

Враќање на Коста Брава во вечерните часови.

📌 Цена на излетот: 65 €
👶 Деца до 12 години: 35 €

Аквариум Барселона- 35€, деца од 2-12 плаќаат 50%

Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.

Музеј Дали + Жирона– 75€, деца од 2-12 плаќаат 40€

Тргнување во утринските часови од Коста Брава.

Патувањето нè води кон бајковитата Жирона, град кој се наоѓа на североистокот на Шпанија, близу границата со Франција. Ќе прошетаме по улиците на стариот град и по некогашната еврејска четврт, ќе ја посетиме и импресивната катедрала, со право наречена „Бисерот на круната на Жирона“. По базиликата Свети Петар во Ватикан, оваа катедрала има најширока предна фасада во светот – широка дури 55 метри.

Ќе го видите и познатиот мост во јарко црвена боја, претходник на Ајфеловата кула, кој заедно со уште десетина мостови го краси градот и ја премостува реката Оњар, која го дели градот на два дела. По разгледувањето, следува слободно време за индивидуални активности.

Потоа го продолжуваме патувањето кон Фигерас, родниот град на славниот уметник Салвадор Дали, каде тој го создаде својот фантастичен и неповторлив музеј, адаптиран од старото градско театарче. Овој музеј денес е еден од најпосетуваните во цела Шпанија.
Посетата на овој музеј е искуство кое треба да се доживее барем еднаш во животот, со необичната и уникатна поставка од делата на овој генијален уметник.

По посетата следува слободно време во Фигерас и потоа враќање на Коста Брава во вечерните часови.

📌 Цена на излетот: 75 €
👶 Деца до 12 години: 40 €

Напомени

  • Во хотелот има на располагање дво и трокреветни соби.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
  • Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
  • Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
  • При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.
  • Сите останати услови на патување важат според правилата на организатрот

Вклучено / Невклучено

  • 7 ноќи во Хотел Маринер 4* на база полупансион
  • Аеродромски такси
  • Повратен авионски билет Скопје-Барселона-Скопје,
  • Трансфер од аеродром до хотел и од хотел до аеродром
  • Рачен багаж со димензии согласно политиката на Визз аир
  • Туристичка такса (2 евра од ден по лице, се плаќа на лице место- подложно на промени)
  • Патничко осигурување ( можност да се извади во агенција)
  • Доплата за багаж според моменталната цена на WIzz air
Од
799 
Постави прашање
0
799 
Available:
Вкупно:
0
799 

Слични Понуди