Држава

Австрија

Град

Виена

Категорија

Божиќни пазари

Хотелска категорија

3 ѕвезди

Превоз

Автобус

Услуга

Ноќевање со појадок

Времетраење

4 дена

Поаѓање

Скопје

Опис на тура
Вклучено / Не е вклучено
План

Виена, престолнина на една од најзначајните европски империи, е царски град и место на вкрстување на различни култури. Како една од најстарите метрополи во срцето на Европа, Виена го привлекува вниманието со своето културно и архитектонско наследство, шарм и раскош. Градот нуди патување низ времето, оживувајќи ја сликата на раскошниот империјален барок преку своите дворци како Хофбург и Шенбрун, палатата Белведере, катедралата Св. Стефан и многу други знаменитости. Позната како Музичка престолнина, Виена била дом на композитори како Моцарт, Бетовен и Штраус.

За време на декември, Виена блеска во своето најелегантно празнично издание, нудејќи една од најубавите божиќни дестинации во Европа. Величествените булевари, историските палати и плоштади се украсени со илјадници светилки, додека мирисот на печени костени, ванила, цимет и греено вино создава незаборавна празнична атмосфера. Најпознатите Божиќни маркети, како оној пред Градското собрание (Rathausplatz), нудат рачно изработени подароци, австриски специјалитети и празнични украси. Маркетите кај Шенбрун, Белведере и плоштадот Марија Терезија се исто така волшебни, секој со своја уникатна атмосфера. Уживајте во прошетките низ раскошните улици, посетете ги палатите, вкусете ја познатата Sacher торта и почувствувајте го шармот на градот кој за време на Божиќ изгледа како празнична разгледница.

Сместување во хотел со 3 ѕвезди

Аранжманот вклучува сместување во хотел со 3 ѕвезди на база на 2 ноќевања со појадок. Хотелот се наоѓа во Виена, нудејќи удобна база за истражување на градот и неговите празнични атракции. Патувањето се одвива со високотуристички автобус, со професионален туристички придружник кој ќе се погрижи за организацијата и реализацијата на програмата.

Вклучено во понудата

  • 2 ноќевања со појадок во Виена
  • Панорамски разглед на Виена со локален водич
  • Можност за факултативни излети до Шенбрун, Дунавската кула, Designer Outlet Parndorf и Братислава
  • Искуство на Божиќните маркети во Виена и Братислава
  • Превоз со високотуристички автобус

Практични информации

Напомени:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Пасошот треба да има важност мин. 3 месеци од денот на враќање.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  •  Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

Вклучено / Невклучено

  • Сместување во хотел со 3* на база на 2 НП (нокевање/појадок)
  • Професионален туристички придружник
  • Превоз со високотуристички автобус
  • Организација и реализација на програмата
  • Разглед на Виена со локален водич - 20€
  • Посета на дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 60€ (задолжителна резервација при уплата)
  • Излет Братислава И Оutlet shoping center PARNDORF( превоз, разглед со локален водич)- 50€
  • Дунавска Кула (превоз + влезница) – 30€
  • ПАКЕТ ИЗЛЕТИ : 150€ (Разглед на Виена+ Посета на дворецот Шенбрун + Излет Братислава и Оutlet shoping center PARNDORF+ Дунавска Кула)
  • Задолжително патничко осигурување –250 ден
  • Доплата за еднокреветна соба – 4.500 ден
  • Доплата за избор на седиште во автобус - 20 евра

План

1 Ден 1: 04.12.2026 Скопје – Виена

Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 14:00 ч. и поаѓање за Виена. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 Ден 2: 05.12.2026 Виена

По пристигнување во Виена, панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и индивидуални прошетки. Ноќевање.

3 Ден 3: 06.12.2026 Виена - Шенбрун – Дунавска кула

Појадок. Трансфер до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич. Попладне, можност за факултативна посета на Дунавската Кула. Враќање во центарот на Виена со слободно време за индивидуални прошетки и активности. Уживајте во празничната атмосфера на Божиќните маркети. Ноќевање.

4 Ден 4: 07.12.2026 DESIGNER OUTLET PARNDORF - БРАТИСЛАВА

Појадок. Напуштање на хотелот. Можност за излет до Братислава и Designer Outlet Parndorf (3 часа за шопинг). Потоа, разглед на Братислава со локален водич: плоштадот, Михалската порта, Градското собрание, катедралата Св. Мартин. Слободно време за прошетки и уживање во празничната атмосфера. Во вечерните часови враќање во Виена и поаѓање кон Скопје со попатни паузи.

5 Ден 5: 08.12.2026 Скопје

Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

Од
219 €
Барање

Изберете време

Број на патници

0

Возрасни лица

219 €

Деца

0 €