ATV адреналинска тура „Три Стари Села“ во Охрид

Опис на тура
Вклучено / Не е вклучено
Локација
Оцени

АТВ (All-Terrain Vehicle) возило, познато и како квад или четвороцикл, е моторизирано возило дизајнирано за возење по различни терени. Овие возила се карактеризираат со четири широки гуми, висока суспензија, и силен мотор кој им овозможува да се движат преку тешко пристапни и нерамни површини.  ATV возилата се дизајнирани за сигурност, вклучувајќи стабилност на возилото и безбедносна опрема. Едно ATV возило  има простор за седење на возач и еден сопатник.

ATV возилата се користат за различни намени, вклучувајќи: рекреативно возење, работни задачи во рурални области, но и спасувачки мисии.

ATV турите и авантурите се популарни меѓу љубителите на адреналин и природни убавини. Затоа, Охрид и околината е идеална локација која ги обединува сите критериуми за совршена адреналинска ATV авантура.

Тура „Три стари села“

Турата започнува во селото Горно Коњско и се упатува кон прекрасните природни пејзажи на Галичица преку земјет пат. Патот минува низ старите села Горно Сипокино и продолжува кон село Велестово. Велестово е старо село кое се надвиснува над Охрид и нуди уникатен поглед кон езерото и градот.

Времетраење на турата: 2 – 2,5 ч.

Цена: едно лице – 72 евра / две лица – 92 евра

Вклучено во цената:
– безалкохолен пијалок
– влезница за Националниот Парк Галичица
– превоз од вашето сместување до почетното место на турата во с. Горно Коњско

Резервација: Задолжително е да се направи резервација однапред, најдоцна еден ден пред турата, особено во туристичката сезона.

Плаќање: Задолжително е целосно плаќање на сумата, најдоцна еден ден пред турата.

Подготовка: Облечете удобна облека и обувки, понесете вода и закуски, и не заборавајте на заштита од сонце.

Опрема: Организаторот обезбедува потребна опрема за јавање, потребно е да се носи удобна облека и обувки.

Безбедност: Безбедноста е приоритет, па затоа е важно да ги следите упатствата на водичите и да бидете внимателни при јавање, особено ако немате многу искуство.

 

Вклучено / Невклучено

  • безалкохолен пијалок
  • влезница за НП Галичица
  • превоз од вашето сместување до почетното место на турата во с. Горно Коњско

Локација

Од
72 
Резервации Форма
1
72 
Available:
Вкупно:
1
72