0
Your Cart is Empty
АТВ (All-Terrain Vehicle) возило, познато и како квад или четвороцикл, е моторизирано возило дизајнирано за возење по различни терени. Овие возила се карактеризираат со четири широки гуми, висока суспензија, и силен мотор кој им овозможува да се движат преку тешко пристапни и нерамни површини. ATV возилата се дизајнирани за сигурност, вклучувајќи стабилност на возилото и безбедносна опрема. Едно ATV возило има простор за седење на возач и еден сопатник.
ATV возилата се користат за различни намени, вклучувајќи: рекреативно возење, работни задачи во рурални области, но и спасувачки мисии.
ATV турите и авантурите се популарни меѓу љубителите на адреналин и природни убавини. Затоа, Охрид и околината е идеална локација која ги обединува сите критериуми за совршена адреналинска ATV авантура.
Тура Горно Коњско
Турата вклучува освојување на возбудливиот терен во околината на селото Горно Коњско и исклучителни погледи кон Охриското Езеро.
Времетраење на турата: 1 – 1,5 ч.
Цена: едно лице – 47 евра / две лица – 65 евра
Вклучено во цената:
– безалкохолен пијалок
– влезница за Националниот Парк Галичица
Резервација: Задолжително е да се направи резервација однапред, најдоцна еден ден пред турата, особено во туристичката сезона.
Плаќање: Задолжително е целосно плаќање на сумата, најдоцна еден ден пред турата.
Подготовка: Облечете удобна облека и обувки, понесете вода и закуски, и не заборавајте на заштита од сонце.
Опрема: Организаторот обезбедува потребна опрема за јавање, потребно е да се носи удобна облека и обувки.
Безбедност: Безбедноста е приоритет, па затоа е важно да ги следите упатствата на водичите и да бидете внимателни при јавање, особено ако немате многу искуство.