ATV адреналинска тура „Горно Коњско“ во Охрид

Опис на тура
Вклучено / Не е вклучено
Локација
Оцени

АТВ (All-Terrain Vehicle) возило, познато и како квад или четвороцикл, е моторизирано возило дизајнирано за возење по различни терени. Овие возила се карактеризираат со четири широки гуми, висока суспензија, и силен мотор кој им овозможува да се движат преку тешко пристапни и нерамни површини.  ATV возилата се дизајнирани за сигурност, вклучувајќи стабилност на возилото и безбедносна опрема. Едно ATV возило  има простор за седење на возач и еден сопатник.

ATV возилата се користат за различни намени, вклучувајќи: рекреативно возење, работни задачи во рурални области, но и спасувачки мисии.

ATV турите и авантурите се популарни меѓу љубителите на адреналин и природни убавини. Затоа, Охрид и околината е идеална локација која ги обединува сите критериуми за совршена адреналинска ATV авантура.

Тура Горно Коњско

Турата вклучува освојување на возбудливиот терен во околината на селото Горно Коњско и исклучителни погледи кон Охриското Езеро.

Времетраење на турата: 1 – 1,5 ч.

Цена: едно лице – 47 евра / две лица – 65 евра

Вклучено во цената:
– безалкохолен пијалок
– влезница за Националниот Парк Галичица

Резервација: Задолжително е да се направи резервација однапред, најдоцна еден ден пред турата, особено во туристичката сезона.

Плаќање: Задолжително е целосно плаќање на сумата, најдоцна еден ден пред турата.

Подготовка: Облечете удобна облека и обувки, понесете вода и закуски, и не заборавајте на заштита од сонце.

Опрема: Организаторот обезбедува потребна опрема за јавање, потребно е да се носи удобна облека и обувки.

Безбедност: Безбедноста е приоритет, па затоа е важно да ги следите упатствата на водичите и да бидете внимателни при јавање, особено ако немате многу искуство.

 

Вклучено / Невклучено

  • безалкохолен пијалок
  • влезница за НП Галичица

Локација

Од
47 
Резервации Форма
1
47 
Available:
Вкупно:
1
47