0
кошничката е празна
ГРЦИЈА
АТИНА
Европски градови
Хотел 3*
Автобуски превоз
2 ноќи / 3 дена
Атина, главниот и најголем град на Грција, е колевка на модерната цивилизација и еден од најстарите светски градови со историја долга над 3.400 години. Овој космополитски град го носи името по божицата заштитничка Атина. Знаменитостите како Сунион, Акропол и Партенон нудат уникатно патување низ времето и оставаат без здив со својата величественост.
Сместување во Хотел 3*
Нудиме сместување во хотел со 3 ѕвезди, лоциран во срцето на Атина. Аранжманот вклучува 2 ноќевања со појадок, што го прави идеална база за истражување на богатата историја и култура на градот. Хотелот располага со удобни соби и нуди пријатна атмосфера за одмор по долгите прошетки низ градот.
Зошто да ја изберете оваа понуда?
Практични информации
Аранжманот е достапен за периодот 05.12-08.12.2026, со почетна промо цена од 159 €. Целосна доплата се врши најдоцна 10 дена пред тргнување. За деца до 2.99 години, превозот е 50 евра, а сместувањето е бесплатно во соба со двајца родители.
НАПОМЕНИ:
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
– Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
– За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
– Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
– Важност на патните документи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
– Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
– Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
– Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
– Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.
– За ова патување важат општите услови за патување
Состанок на групата во 20:00 часот пред хотел Русија. Поаѓање за Атина во 20:30 часот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Пристигнување во Атина во предпладневните часови. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет...). Посета на Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон). Сместување во хотел. Слободно време за одмор и посета на кафичот Little Kook. Ноќевање.
Појадок. Факултативна посета на Пелопонез со водич. Се поминува Коринтскиот канал. Посета на Епидавр (антички театар) и Нафплио (прва престолнина на Грција). Посета на Микена (град на Агамемнон). Вечерта слободно време за индивидуални активности и прошетка на плоштадот Монастираки. Ноќевање.
По појадокот, напуштање на собите. Излет кон Пиреја и нејзините Марини. Патување долж Аполоновиот брег до Сунион (Храмот на Посејдон). По завршување на екскурзијата, продолжување кон Македонија. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 08.12.2026 (Вторник).