0
кошничката е празна
Грција
Атика
Атина
Нова Година 2027
Автобус
Појадок
3 ноќевања / 5 дена
Доживејте ја магијата на Атина за претстојната Нова Година со овој возбудлив 5-дневен аранжман. Идеален за сите кои сакаат да ја дочекаат 2027 година во срцето на античка и модерна Грција, нудејќи комбинација од културно истражување и празнична атмосфера.
Атина, градот на боговите и филозофите, нуди незаборавно искуство за новогодишните празници. Од историските знаменитости до модерните атракции, градот пулсира со енергија и празничен дух, правејќи го совршена дестинација за почеток на новата година.
Цени на аранжманот: 220€ (11.098,00 мкд) по лице со вклучени 2 разгледи
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во хотел *** на база 3 ноќевања со појадок
– Панорамски разглед на градот со локален водич
– Посета на Метеори
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Влезница за Акропол околу 30€
– Влезници за Микена и Епидаурус, околу 20€
– Туристичка такса 5€ по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
– Доплата за 1/1 соба – 66€
– Факултативна Новогодишна вечера во национален ресторан
– Факултативна вечера во национален ресторан
– Влезници за музеите и културно-историските споменици
– Организиран разглед на Пелопонез и Арголида 40€
– Островот Егина 40€
– Патничко здравствено осигуривање
НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување.
ADSAV
Состанок на паркингот пред СЦ "Борис Трајковски" во 20:30 часот. Поаѓање кон Грција во 21:00 часот. Ноќно возење со попатни одмори.
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со посета на Акропол и населбата Плака. Сместување во хотел и слободно попладне. Можност за индивидуално присуство на новогодишната прослава или факултативна новогодишна вечера. Ноќевање.
Појадок. Факултативен излет до Пелопонез и Арголида, со посета на Коринтскиот канал, Епидаурус, Микена и Нафплион. Враќање во Атина. Можност за факултативна вечера. Ноќевање.
Појадок. Факултативен излет до островот Егина и манастирот посветен на Свети Нектарие Егински. Враќање во Атина. Ноќевање.
Појадок. Напуштање на хотел и заминување кон Каламбака за посета на манастирите Метеори. Патувањето продолжува кон Македонија со попатни застанувања. Пристигнување во доцните вечерни часови.