Држава

Грција

Град

Атина

Категорија

Нова Година 2027

Превоз

Автобус

Услуга

Ноќевање со појадок

Времетраење

2 ноќевања / 4 дена

Опис на тура
Вклучено / Не е вклучено
План

Доживејте ја магијата на Атина за време на новогодишните празници.Од античките чуда до модерните шопинг улици, Атина нуди незаборавно искуство за почетокот на новата година.

Цени на аранжманот: 175€ (10.850,00 мкд) по лице со вклучени 2 разгледи

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
– Панорамски разглед на градот со локален водич
– Посета на Метеори
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Влезница за Акропол околу 30€
– Влезници за Микена и Епидаурус, околу 20€
– Туристичка такса 5€ по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
– Доплата за 1/1 соба – 45€
– Факултативна Новогодишна вечера во национален ресторан
– Факултативна вечера во национален ресторан
– Влезници за музеите и културно-историските споменици
– Организиран разглед на Пелопонез и Арголида 40€
– Патничко здравствено осигуривање

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување

Вклучено / Невклучено

  • Превоз со автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
  • Панорамски разглед на градот со локален водич
  • Посета на Метеори
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Влезница за Акропол околу 30€
  • Влезници за Микена и Епидаурус, околу 20€
  • Туристичка такса 5€ по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
  • Доплата за 1/1 соба – 45€
  • Факултативна Новогодишна вечера во национален ресторан
  • Факултативна вечера во национален ресторан
  • Влезници за музеите и културно-историските споменици
  • Организиран разглед на Пелопонез и Арголида 40€
  • Патничко здравствено осигуривање

План

1 Ден 1: СКОПЈЕ - АТИНА

Состанок на паркингот пред СЦ "Борис Трајковски" во 20:30 часот. Поаѓање кон Грција во 21:00 часот. Ноќно возење со попатни одмори.

2 Ден 2: АТИНА

Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич, вклучувајќи ги плоштадот Омонија, плоштадот Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адријановата порта, Стариот Олимписки стадион и храмот на Зевс. Посебно внимание ќе се посвети на Акропол и населбата Плака. Сместување во хотел и слободно попладне. Вечерта, можност за индивидуално присуство на новогодишната прослава или факултативна новогодишна вечера во традиционална таверна. Ноќевање.

3 Ден 3: АТИНА - ПЕЛОПОНЕЗ

Појадок. Факултативен излет до Пелопонез и Арголида: посета на Коринтскиот канал, Епидаурус (антички театар), Микена (археолошки локалитет) и Нафплион (крајбрежно гратче). Враќање во Атина. Вечерта, можност за факултативна вечера во Плака. Ноќевање.

4 Ден 4: АТИНА - МЕТЕОРИ - СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотел и заминување кон Каламбака за посета на манастирите Метеори. Патувањето продолжува кон Македонија со попатни застанувања. Пристигнување во доцните вечерни часови.

Од
175 €
Барање

Изберете време

Број на патници

0

Возрасни лица

175 €

Деца

0 €