АНДАЛУЗИЈА, Малага (Коста дел Сол) | 06.08-13.08 & 13.08 - 20.08.2026

Држава

Шпанија

Регион

Коста дел Сол, Андалузија

Град

Беналмадена

Категорија

Шпанија 2026

Опис на тура
Вклучено / Не е вклучено
План

АНДАЛУЗИЈА (Коста дел Сол) – Malaga

 

Дестинација Период Ноќи Цена – Еднокреветна соба Цена – Двокреветна соба
Андалузија (Коста дел Сол) 06/08/2026 – 13/08/2026 7 1 395.00 EUR 2 358.00 EUR
Андалузија (Коста дел Сол) 13/08/2026 – 20/08/2026 7 1 365.00 EUR 2 298.00 EUR

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 

1 ден: 06.08.2026 / 13.08.2026 2026 СКОПЈЕ – МАЛАГА
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 10:35 часот. Лет за Малага во 14:10 ч. со едно преседнување.
Пристигнување во Малага во 18:50 часот. Трансфер до хотелот. Слободен ден за одмор и индивиуални активности.
Ноќевање.
2 – 7 ден: 07 – 12.08.2026 / 14 – 19.08 2026 БЕНАЛМАДЕНА
Беналмадена е еден од главните туристички центри на западниот дел од Коста дел Сол.Општината Беналмадена се протега од подножјето на планините Сиера де Михас до самата плажа на брегот. Градот се наоѓа на рид, што значи дека има прекрасен панорамски поглед. Подолу се зградите на Аројо де ла Миел, каде што живее поголемиот дел од населението, и на крај, Беналмадена-Коста, која има голем број хотели и терени за голф, казино и марина. Широкиот спектар на објекти и услуги е надополнет со адреналински забавен парк. Впечатливо оригинален е замокот Бил-Бил, специфична структура изградена на плажата во 1934 година во неоарапски стил, денеска градскиот совет ја користи за организирање изложби и културни настани. Исто така, интересни се градините Муро, мешавина од растенија и вода дизајнирана од Сезар Манрике.

8 ден: 13.08.2026 /  20.08.2026 МАЛАГА – СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот, трансфер до аеродромот во Малага во 10:00 часот. Лет за Скопје во 13:50 ч. со едно
преседнување. Пристигнување во Скопје после полноќ во 00:15 часот.

Цена во претпродажба:
Hotel THB San Fermin (Benalmadena) – 7 полупансиони – 1179€ (73.098 мкд) по лице
Цена на аранжманот:
Hotel THB San Fermin (Benalmadena) – 7 полупансиони – 1329€ (82.398 мкд) по лице

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација: Скопје – Малага – Скопје (со едно преседнување) со вклучени аеродромски такси.
* Рачна торба со димензии 10*30*40см
* Кабинска торба 55*40*23см до 8кг
– Сместување во хотел THB San Fermin https://www.thbhotels.com/en/hotel-san-fermin-costa-del-sol/ во Benalmadena, на база
7 ноќевања на полупансион
– Oрганизирани трансфери во Малага: аеродром – хотел – аеродром
– Организација на аранжманот и локална асистенција

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Здравствено-патничко осигурување
– Туристичка такса: во хотел 2 – 3€ (по лице од ноќевање), се наплатува на рецепција.
– Чекиран багаж од 23кг – информација во агенција
– Доплата за 1/1 соба – 216€
ФАКУЛТАТИВНИ ПОСЕТИ И ВЛЕЗНИЦИ:
– Организиран панорамски разглед на Малага (приватен трансфер и локален водич) околу 50-70€, во зависност од бројот
на пријавени.
– Посета на Гранада (приватен трансфер и локален водич) 50-70€, посета на Гранада и Алхамбра 130-150€ во зависност од
бројот на пријавени.
– Посета на Мијах (приватен трансфер и локален водич) 50€ – 70€, во зависност од бројот на пријавени.
– Посета на Севиља со Алказар влезница (приватен трансфер и локален водич) 120€ – 170€, во зависност од бројот на
пријавени.
– Посета на Кордоба со вклучена влезница за џамијата (приватен трансфер и локален водич) 100€ – 190€, во зависност од
бројот на пријавени.
– Влезници за културно-историските споменици

ОПИС НА ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ

АНДАЛУЗИЈА
Андалузија е еден од највпечатливите региони во Шпанија, познат по богатата историја, култура и прекрасни пејзажи. Тука се наоѓаат бројни знаменитости под заштита на УНЕСКО, како Алхамбра во Гранада, историскиот центар на Кордоба и катедралата со палатата Алказар во Севиља. Регионот е познат и по плажите на Коста дел Сол и традиционалната медитеранска гастрономија.

МАЛАГА
Малага е живописен медитерански град и родно место на Пабло Пикасо. Покрај сончевите плажи, нуди бројни културни атракции како тврдината Алказаба, замокот Гибралфаро, римскиот театар и катедралата. Центарот на градот е полн со музеи, ресторани и пешачки улици идеални за прошетка.

МИХАС
Шармантно андалузиско село познато по белите куќи, тесните улици и прекрасниот поглед кон Медитеранот. Михас нуди автентична атмосфера, традиционална архитектура и познатите „такси-магариња“, симбол на ова место.

ГРАНАДА (со посета на АЛХАМБРА)
Гранада е град со силно мавританско наследство, сместен во подножјето на Сиера Невада. Најголемата атракција е Алхамбра – величествен комплекс од палати, дворови и градини, еден од најпосетуваните споменици во Шпанија.

СЕВИЉА – РЕАЛ АЛКАЗАР
Севиља е град со богата историја и уникатна атмосфера. Најпознати атракции се катедралата со кулата Хиралда, кралската палата Реал Алказар и импресивниот плоштад Плаза де Еспања.

КОРДОБА
Кордоба е историски град каде се сретнуваат три култури – христијанска, муслиманска и еврејска. Главна знаменитост е џамијата-катедрала, едно од најзначајните архитектонски ремек-дела во Шпанија.

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
– За реализација на факултативните посети, потребен е минимум од 15 патници.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на организаторот.

 

ADSAV

 

 

Вклучено / Невклучено

  • Авионски превоз на релација: Скопје - Малага - Скопје (со едно преседнување) со вклучени аеродромски такси.
  • Рачна торба со димензии 10*30*40см
  • Кабинска торба 55*40*23см до 8кг
  • Сместување во хотел THB San Fermin https://www.thbhotels.com/en/hotel-san-fermin-costa-del-sol/ во Benalmadena, на база 7 ноќевања на полупансион
  • Oрганизирани трансфери во Малага: аеродром - хотел - аеродром
  • Организација на аранжманот и локална асистенција
  • Здравствено-патничко осигурување
  • Туристичка такса: во хотел 2 - 3€ (по лице од ноќевање), се наплатува на рецепција.
  • Чекиран багаж од 23кг – информација во агенција
  • Доплата за 1/1 соба - 216€

План

1 ден: 06.08.2026 / 13.08.2026 2026 СКОПЈЕ - МАЛАГА

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 10:35 часот. Лет за Малага во 14:10 ч. со едно преседнување.
Пристигнување во Малага во 18:50 часот. Трансфер до хотелот. Слободен ден за одмор и индивиуални активности.
Ноќевање.

2 – 7 ден: 07 – 12.08.2026 / 14 – 19.08 2026
Од
1.149 
Постави прашање
0
1.149 
Депозит 50% По содржина
Available:
Вкупно:
0
1.149