Шпанија, Бенидорм - јули 2025 со авион

Држава

Шпанија

Град

Бенидорм

Категорија

Лето 2025

Опис на тура
Вклучено / Не е вклучено
Оцени

Бенидорм е совршена дестинација за секој тип на патник – без разлика дали патувате со семејството, партнерот или пријателите. Овој динамичен крајбрежен град нуди совршен спој на одмор, авантура и културни откритија, задоволувајќи ги сите вкусови и интереси.

Gran Hotel Bali – Највисокиот хотел во Европа и Симбол на Луксуз во Бенидорм. Овој хотел е визуелна атракција и архитектонско ремек-дело.

Сместен на неколку метри од познатата Пониенте Плажа, Gran Hotel Bali нуди спектакуларни погледи на Средоземното Море и на целиот град Бенидорм. Благодарение на својата локација, гостите можат лесно да пристапат до плажите, локалните атракции и трговските зони.

Gran Hotel Bali е познат како еден од највисоките хотели во Европа, со висина од 186 метри и 52 ката. Овој иконичен објект е симбол на модерниот Бенидорм, нудејќи комбинација од удобност, луксуз и неверојатни погледи од своите панорамски тераси. Совршен избор за оние кои бараат луксузен престој, врвни услуги и уникатно искуство во Бенидорм. Без разлика дали патувате со семејството, со партнерот или со пријателите, овој хотел ќе го направи вашиот одмор незаборавен!

Редовни цени
Полнпаснион + Трансфер + Авионски билети

Датум   Ноќевања   Цена по лице.   Цена за 3-то лице.   Цена за дете од 02-11.99 год.   Доплата за Single соба.
01.07 – 08.07 7 1349 € 1249€  979 € 50€/по лице /од вечер
08.07 – 15.07 7 1349 € 1249€ 979 € 50€/по лице /од вечер
15.07 – 22.07 7 1399 € 1299€ 979 € 50€/по лице /од вечер

 

Информации за аранжманот:

Датум 01.07 – 08.07 / 08.07 – 15.07 /15.07 – 22.07.2025
Цени
По лице 1349€
3-то лице 1249€
Дете (02-11.99 год.) 979€
Попуст за рана резервација Важи за уплата од 20% до 16.02.2025
Во цената е вклучено
Авионски билет Лет од Скопје со Air Serbia (вклучени аеродромски такси)
Багаж 23 кг по лице
Трансфер Аеродром – хотел – аеродром
Сместување 7 ноќевања на база полн пансион
Дете (0-2 год.) Плаќа 50€ (аеродромски такси)
Во цената не е вклучено
Патничко осигурување Може да се извади во агенција
Доплата за еднокреветна соба 50€ по лице/ден
Туристичка такса 2€ по лице/ден (се плаќа на рецепција)
Доплата за Спа центар 20€ по лице (директно во хотел)
Доплата за соба со поглед на море 20€ по соба/ден (се плаќа во агенција)

Факултативен излет: Посета на Валенсија – Град со Безвременска Магија – 80€ по лице

Започнуваме со импресивниот Торес де Серанос, величествен споменик и симбол на Валенсија, дел од некогашната тврдина што го обиколувала стариот град.

Продолжуваме низ градините Турија, еден од најголемите урбани паркови во Европа, создаден на местото на некогашната река Турија. Овој парк, долг повеќе од 9 километри, минува под 18 историски мостови и ги поврзува најзначајните атракции на градот. Од Биопарк, зоолошка градина каде што дивиот свет оживува, до авангардниот Град на уметностите и науките, дизајниран од познатите архитекти Сантијаго Калатрава и Феликс Кандела. Овој комплекс вклучува пет уникатни компоненти, како што се Океанографик (најголемиот аквариум во Европа), Музејот на науките, и Палау де лес Артс, кој нуди репертоар од светска класа.

Истражувањето продолжува до Плоштадот на Богородица (Plaza de la Virgen), изградена на поранешниот римски форум, каде што се наоѓа Фонтаната на Турија, величествена уметничка творба. Тука е и Катедралата на Валенсија, каде што, според легендата, се чува Светиот Грал. За љубителите на предизвици, тука е Торањот Мигелете, со 214 скалила и спектакуларен поглед на градот.

Ќе поминеме низ Барио дел Кармен, шармантниот кварт со тесни улички и историски згради, вклучувајќи ја најтесната зграда во светот, широка само 107 см. Ќе го посетиме и Централниот пазар, каде што локалната гастрономија и аромите на Валенсија оживуваат.

Неизоставна станица е Lonja de la Seda, ремек-дело на готската архитектура и светско културно наследство на УНЕСКО, како и прекрасниот Меркадо де Колон, симбол на модернистичкиот стил на градот.

Валенсија е повеќе од град – тоа е уникатна мешавина на историја, култура и модерни авантури. Подгответе се за незаборавно искуство што ќе ги разбуди сите ваши сетила!

Времетраење: 09:00 – 19:30

Напомени:

  • Повратен авио лет:
  • 01.07.2025- SKP 04:00-BEG 05:10, BEG 06:20-VAL 09:10
  • 08.07.2025- VAL 09:55-BEG 12:35, BEG 13:25-SKP 14:40
  • Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
  • Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
  • Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
  • При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.

Вклучено / Невклучено

  • Авионски билет со лет од Скопје на авиокомпанијата Air Serbia со вклучени аеродромски такси
  • Во цената е вклучен багаж од 23 кг. по лице
  • Tрансфер аеродром-хотел-аеродром
  • 7 ноќевања на база полн пансион
  • Дете од 0-2 година плаќа 50€ аеродромски такси
  • Патничко осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба 50€ по лице / на ден
  • Tуристичка такса во хотел – 2€ по лице / ден., се плаќа на рецепција во хотел при сместување
  • Доплата за Спа центар-20€ по лице (директно во хотел)
  • Доплата за соба со поглед на море-20€ по соба/ден (се плаќа во агенција)
Од
1.349 
Форма За Пребарување
1
1.349 
Депозит 30% По содржина
Available:
Вкупно:
1
1.349 

Слични Понуди