0
Your Cart is Empty
Грција
Остров Крф
Патување за 1 мај
ПРОМО ЦЕНА: 129 € (8.000 ден.)
Редовна цена по лице: 159 €
Факултативни излети:
УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
– За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
– За реализација на патувањето е потребен минимален број од 40 патници. Во случај минималниот број да не се исполни агенцијата има право да го откаже патувањето во целост најдоцна до 7 дена пред почетокот.
– За сопствен превоз се одземаат 20 € од редовната цена на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Крф.
– Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минимум 24 часа пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.
– Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
– Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската.
– Секој патник има обврска и задолжен е да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени терминот на резервацијата.
Пред секое патување Ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување
Состанок на групата на паркингот на Холидеј Ин во 21:00ч. со тргнување во 21:30ч. Ноќно патување со попатни паузи до Игуменица од каде се качуваме на траект и за нешто помалку од 2 часа пристигнуваме на пристаништето во градот Крф. Од таму за 20 мин. пристигнуваме во Ипсос и се сместуваме во вилите.
Слободно време за одмор и релаксација. После паузата во попладневните часови групата се упатува кон градот Крф, каде оди во прошетка низ стариот дел од градот, кој поради својата уникатна убавина, старост и сочуваност е вклучен во списокот на светското културно наследство на УНЕСКО. Се наоѓа на источниот брег на островот Крф, на мал полуостров меѓу два мали заливи. Стариот град има типична градска матрица за градовите од Средоземјето. Се состои од кривулести и тесни улици со мали плоштади и камени згради. Тука постојат дури 37 цркви, од кои најпознати се црквата Св. Спиридон (заштитникот на градот) и Катедралниот храм посветен на Богородица. Главни обележја на градот се: плоштадот Листон; палатата Св. Михаил и Ѓорѓија која е лоцирана долж северната страна на плоштадот Спианада; Старата тврдина и многу други. После прошетката низ градот во вечерните часови групата се упатува назад кон вилата.
Во утринските часови групата се упатува во посета областа Канони каде се наоѓа мала црква на Panagia Vlacherna, изградена во 17-ти век која е позната по импресивниот дрвен иконостас. Од црквата тргнуваат мали бротчиња кон легендарниот Mouse Island, кој е на 5 мин. оддалеченост.
Овој зелен остров името го добил по тоа колку е мал. Според митологијата, овој карпест остров е бродот на Улисес кој бил претворен во камен од богот Посејдон. Се искачуваме на врвот од ридот во Канони каде се наоѓаат две кафулиња со фасцинантен поглед кон црквата Panagia Vlacherna, морето и Mouse Island.
Оттаму се упатуваме кон Achillion Palace, летна палата изградена во 1890 година, специјално за Кралицата на Австрo - Унгарија, Елизабета, позната како Сиси. Се посетува летната градина на палатата. Популарноста на Achillion Palace доаѓа и од фактот дека во неа е снимен познатиот филм за James Bond 007 “For Your Eyes Only”. Во доцните попладневни часови враќање назад во вилата и слободна вечер за дружење во некои од локалните кафулиња.
Во утринските часови групата се упатува во посета на фабриката „Мавроматис“, фабрика за производство на традиционални слатки и ликери од локалното овошје Кум Куат. Ова овошје е многу ретко, по потекло е од Кина и поради специфичните услови кои му се потребни за да расте, успеал само на островот Крф и одредена територија во Шпанија. Тука ќе се запознаеме со целиот начин на производство преку еден краток филм, а потоа сите гости ќе се упатат на шанкот за дегустација каде ќе имаат прилика да ги пробаат ликерите кои се произведуваат од овошјето и исто така да си купат дел од истите.
После посетата на фабриката се упатуваме кон Заливот Палеокастрица, кој е туристичко место на северозападниот брег на островот Крф кое се наоѓа на 19 км. од градот, познат и по тоа што тука е снимен еден од филмовите за Џејмс Бонд, 007 - For Your Eyes Only (1981). Познат по својата природна убавина и восхитувачките пејзажи кои ќе ви го одземат здивот, од висината на стрмните карпи, маслиновите насади, боровите шуми, карпите во морето, па се до песочните плажи со златен песок, богат е со хотели, ресторани, таверни и барови каде што можете да ја почувствувате прекрасната медитеранска клима. Исто така се посетува и манастирот кој е сместен на зелен рид над плажата на Палеокастрица, посветен на Панагија (Девица Марија) од Палеокастрица кој доминира во целиот регион, изграден на врвот на далечниот рид и овозможува прекрасен поглед на островот и морето. Манастирот има восхитувачка цветна градина, а додека сте таму можете да ги погледнете изложените стари досиеја на манастирот, огромната школка, скелетот на “морското чудовиште” и да си замислите желба фрлајќи паричка во бунарот на желбите.
За време на посетата на Палеокастрица групата ќе има слободно време за посета на аквариумот или да ужива во прекрасното море и плажа. Во доцните попладневни часови враќање назад во вилата и слободна вечер за дружење во некои од локалните кафулиња.
Одјавување од собите околу 09:00ч. Слободно време за кратка прошетка и околу 13:00ч. собир на групата пред вилата, од каде започнува патувањето кон градот Крф и потоа со траект околу 2 часа до Игуменица. Патување со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.