0
Your Cart is Empty
Крушево е планинско градче кое лежи на 1.350 м. надморска височина што го прави највисокиот град на Балканот. Крушево е добро позната дестинација во круговите на Параглајдинг заедницата благидарение на одличните услови за изведување на летови. Полетиштето На Мечкин Камен веќе беше домаќин на десетина интернационални натпревари во параглајдинг и змејарство, а во 2026 година градот ќе биде домаќин на 18-тото Европско и Светско првенство во Параглајдерство.
Искусете ја магијата на летањето и уживајте во прекрасниот поглед на Крушевската околина од висина!
Крос Кантри Параглајдинг Лет од Крушево
За Крос Кантри лет над Крушево не е потребно претходно искуство. Со вас лета лиценциран и искусен пилот.
Крос Кантри Лет трае 30-60 минути.
Во цената се вклучени и GoPro фотографии и видеа од летот.
Почетна локација на турата: локација
Точка на полетување: 1420 м. надморска висина.
Цена: 100 евра по лице
Облека: Облечете се во удобна спортска облека, патики или чевли за планинарење.
Тежина: Минималната тежина на летачот е 40кг, максимална тежина е 10кг.
Цената вклучува:
– Фотографии и видео
– Транспорт за време на турата
Информации за резервација:
– Клиентите го бираат датумот на турата
– Еден ден пред турата, пилотите ќе ја потврдат резервацијата, во зависнот од временските услови.
Средба на почетна локација и транспорт до место на полоетување
Припрема за полетување
Лет над Крушево
Враќање до локацијата на средба