0
Your Cart is Empty
На првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун, се наоѓа туристичката дестинација Полихроно, сместена во кристално чистиот залив Торонеос. Полихроно е опкружено со бујна медитеранска вегетација. Го краси долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца.На местото на денешно Полихроно, во 7 век п.н.е. постоела населбата Неаполи која е уништена во 6 век н.е. Во 11 век се основа Полихроно . Денес брои повеќе од 1000 жители, а најразвиена гранка е туризмот. Местото е сликовито, со поплочени улици, палми, лимонови и маслинови дрва, убави дворови и осветлено шеталиште покрај плажа. Има супермаркети, продавници со сувенири, производи од маслиново масло и морски плодови, производи од крзно и кожа, амбуланта, аптека. Има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, како пици и друга брза храна. Полихроно е одличен избор за семејства со деца поради убавото шеталиште покрај морето, кристалното море, како и многубројните продавници.
ОПИС
Студиа “ПАНИЛАС” се наоѓа на само 15 метри од плажа и од пешачката патека. Студиата се целосно реновирани 2016год. и се наоѓат на 2 спрат. Сите студиа се опремени со мини шпорет, фрижидер, основни садови за соодветниот број на лица ,ТВ, тераса со гарнитура за седење и бања.
Студио бр. 1 3 единечни кревети, оделна нова кујна опремени со шпорет, голем фрижидер, основни садови за соодветниот број на лица, ТВ, Wi-Fi интернет, 2 тераси (од кујната со гарнитура за седење -поглед двор), купатил со туш.
Студио бр. 2 4 единечни кревети (2 споени), нова кујна опремени со шпорет, голем фрижидер, основни садови за соодветниот број на лица, ТВ, Wi-Fi интернет, тераси со гарнитура за седење – страничен поглед на море), купатил со туш.
Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената.
Check in: 14:00h.
Check out: 09:00h.
Важна Напомена: За хигиената на студијата се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место.Студијата не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.
ПОПУСТИ:
-10% попуст за резервација со 50% уплата до 28.02.2024
-7% попуст за резервација со 50% уплата до 10.05.2024
ЦЕНОВНИК (Цена за НАЕМ на студио/апартман за 8 дена 7 ноќевања)
Период | Ноќи | 1/3 | 1/4 | Коментар |
19.05-26.05.2024 | 7 | 99€ | 119€ | промо |
26.05-02.06.2024 | 7 | 149€ | 179€ | промо |
02.06-09.06.2024 | 7 | 199€ | 219€ | |
09.06-16.06.2024 | 7 | 289€ | 309€ | |
16.06-23.06.2024 | 7 | 359€ | 389€ | |
23.06-30.06.2024 | 7 | 389€ | 419€ | |
30.06-07.07.2024 | 7 | 429€ | 459€ | |
07.07-14.07.2024 | 7 | 469€ | 499€ | |
14.07-21.07.2024 | 7 | 489€ | 529€ | |
21.07-28.07.2024 | 7 | 489€ | 529€ | |
28.07-04.08.2024 | 7 | 489€ | 529€ | |
04.08-11.08.2024 | 7 | 489€ | 529€ | |
11.08-18.08.2024 | 7 | 449€ | 479€ | |
18.08-25.08.2024 | 7 | 319€ | 349€ | |
25.08-01.09.2024 | 7 | 249€ | 379€ | |
01.09-08.09.2024 | 7 | 249€ | 279€ | |
08.09-15.09.2024 | 7 | 199€ | 229€ | |
15.09-22.09.2024 | 7 | 119€ | 139€ | промо |
22.09-29.09.2024 | 7 | 89€ | 109€ | промо |
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, a најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.
Во цената е вклучено:
Клима уред
Во цената не е вклучено:
Цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од
Цена по лице за превоз Скопје-Халкидики (секоја Недела) | време на поаѓање | цена |
Скопје – Дрводекор | 04;00 | 40 € |
Велес – (кружен тек на влезот-БП Макпетрол) | 04;30 | 40 € |
Штип – (паркинг пред пошта), трансфер до Велес | 03;40 | 55 € |
Струмица – (БП Макпетрол кај нов кружен тек), трансфер до Удово | 05;00 | 45 € |
Неготино – (БП Неготино) | 05;00 | 40 € |
Удово – (БП Удово) | 05;40 | 40 € |
Граничен премин – (БП Шимов) | 06;00 | 40 € |
Цена по лице за превоз Битола- Халкидики (секоја Недела) | време на поаѓање | цена |
Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон | 05;00 | 40 € |
Прилеп – (БП Селида), трансфер до Битола | 04;15 | 40€ |
Струга – (Хотел Дрим), трансфер до Битола | 03;15 | 45 € |
Кичево – (БП Пуцко Петрол), трансфер до Битола | 03;45 | 55 € |
Охрид – (БП Лук Оил излез кон Битола), трансфер до Битола | 03;30 | 45 € |
Ресен – (спроти автобуска станица), трансфер до Битола | 04;15 | 45 € |
Деца од 2-11,99 год – попуст од 10€ од редовната цена
Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe
Час и место на поаѓање од Грција
локално (грчко) време | македонско време | летовалиште |
15:00 | 14:00 | Калитеа |
14:45 | 14:00 | Полихроно |
14:30 | 13:30 | Ханиоти |
14:15 | 13:15 | Пефкохори |
Услови:
Отказ на резервации:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
Приговори и поплаки:
Важат Општите Услови за Патување