0
Your Cart is Empty
ПАРИЗ
АВИОНСКА ПРОГРАМА
ХОТЕЛ 3*
ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ 08.02 – 11.02.2025
УСЛУГИ 3 Ноќевања со појадок (3BB)
НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ 3 Н / 4 Д
Цена по лице во двокреветна соба 549€ / 34.038 мкд
Early Booking цена по лице за резервации 30.Декември 489€ / 30.318 мкд
Попуст за дете до 11,99год (расположливост на дополнителен лежај – на барање)! -75€ / -4650 мкд
Доплата за еднокреветна соба 150€ / 9.300 мкд
Авионски лет: WizzAir (Скопје – Париз Beauvais – Скопје)
Поаѓање: 08.02.2025 во 13:10ч. (Скопје)
Пристигнување: 08.02.2025 во 16:20ч (Париз)
Услуга/Сместување 3 ноќевања со појадок – 3 BB / хотел 3*
Друго вклучено: Трансфери + paзгледи според програма + претставник од Македонија
Враќање во Скопје: 11.02.2025 во 19:35ч. (Скопје)
Напомена: Цените за факултативните излети се изразени по лице.
За реализација на факултативите се потребни најмалку 15 патници.
За оваа програма важат Општите услови за патување.
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11:10 часот. Полетување за Париз во 13:10 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air, W6 4719. Слетување во Париз на аеродромот Beauvais во 16:20 часот.
Организиран трансфер до хотелот со попатен панорамски разглед на градот: Елисејските Полиња, Триумфалната Капија, плоштадот Конкорд, црквата Мадлена, Операта Гарние, плоштадот Вандом, музејот Лувр, островот Сите, Латинскиот кварт, Богородичната црква, Сорбона, Луксембуршкиот парк, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула.
Сместување и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Појадок. По појадокот, факултативна посета на дворецот Версај, изграден од францускиот крал Луј XIV, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка низ кралските апартмани, Салата со огледалата и прекрасните градини на „Кралот на Сонцето“ Луј XIV, со бројни фонтани, скулптури и уредени зелени фигури (напомена: разгледот не вклучува посета на градините и фонтаните со музика).
По завршувањето на посетата на Версај, следи слободно време за прошетка и индивидуални активности. Препорачуваме посета и можност за ручек во Латинскиот кварт (каде што има многу ресторани кои нудат дневно мени за 15-20 евра по лице со специјалитети од француската кујна; тука има и продавници за сирења, вина и кашкавали).
Посетете ја Катедралата Нотр Дам, прошетајте низ областа Сан Мишел и направете попатна посета на Универзитетот Сорбона и Пантеонот (каде што се погребани значајни личности од француската култура, историја и наука како Жан Жак Русо, Марија и Пјер Кири, Волтер и други).
Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
Појадок. Слободно време. Предлагаме факултативна посета (со воз/метро) на музејот Лувр, еден од најбогатите светски музеи и резиденција на француските кралеви повеќе од 700 години, сè до нивното преселување во дворецот Версај. Музејот поседува колекција од над 65.000 уметнички дела, меѓу кои и најпознатото дело на Леонардо да Винчи – познатата Мона Лиза, античката скулптура на Венера од Милос и многу други ремек-дела.
Препорачуваме и посета на Операта Гарние и познатата галерија Lafayette. Пред зајдисонце, предлагаме факултативна можност за посета на Ајфеловата кула, со превоз со метро. По завршувањето на посетата на Ајфеловата кула, можност за романтично крстарење по реката Сена.
Враќање во хотел (со метро/воз). Ноќевање.
Појадок. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 16:50 часот, слетување во Скопје во 19:35 часот.