0
Your Cart is Empty
Сјајот на светилките, зимскиот воздух и празничната еуфорија најдобро ја доловуваат магијата на новогодишната ноќ во Барселона. Во декември, каталонската престолнина се раздвижува со радосен празничен дух кој го освои секој посетител. Ако ја дочекате Новата година во Барселона, ве очекува вистинско задоволство. Од спектакуларни огномети и заводливи фламенко настапи до топли вечери во пријатна атмосфера, Барселона нуди уникатно и возбудливо искуство за секого.
ПРОМО ЦЕНА: 579 € (35.900 ден.)
Редовна цена по лице: 689 €
Факултативни излети:
**Влезници за останатите објекти се со доплата.
УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
– За програмата важат Општите Услови на патување на СКТМ.
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
– ТЕРМИНИТЕ и ЦЕНИТЕ на аранжманот се подложни на промени и се согласно моментална расположливост.
– Распоредот на активностите е подложен на промени согласно можностите и временските услови.
– За реализација на патувањето е потребен минимален број од 10 патници. Доколку минималниот број на патници не се исполни патниците патуваат без придружник од агенцијата, но со сите потребни информации за патувањето, рутите на движење, информации за превозните средства кои ќе се користат и достапност за консултации и прашања за време на целото патување.
– Кај аранжманите кои вклучуваат авио превоз, по купувањето на картата не е возможна рефундација на истите и во тој случај важат условите на авио компанијата.
– Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со low cost авио компанија, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекцијата, патниците се должни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
– Цените со low cost аранжмани подложни се на промени и по уплатата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
– Агенцијата не сноси одговорност за промени на конекциите на авио компаниите.
– Наведените саатници на летовите во програмата подложни се на промени и зависат од авио компанијата.
Пред секое патување Ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на СКТМ.
Состанок на групата пред хотел Континентал во договорено време и поаѓање за Софија. Пристигнување на аеродромот во Софија три часа пред летот кој полетува за Барселона во 05:45 часот и слетува во 07:45 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотел. Го оставаме багажот на рецепција и имаме инфо состанок. Слободно време за кафе и доручек во некој од локалните ресторани.
Во пладневните часови разгледот го започнуваме со посета на катедралата Саграда Фамилија, Каса Мило, Каса Батло, Arc de Triomf и паркот Ciutadella. Во попладневните часови враќање назад во хотелот и сместување во собите. Кратко време за одмор.
Вечерта на Plaça Espanya или Plaça Catalunya ќе го проследиме огнометот за прослава на новогодишната ноќ. За љубителите на забава ве покануваме во ноќен клуб за прослава на новогодишната ноќ до раните утрински часови.
Појадок. После појадокот се упатуваме кон Park Güell, огромен парк со стотици шарени згради и креации на Гауди. Навистина необично место кое ве транспортира во некоја бајка која сме ја читале како деца.
После посетата на Park Güell се упатуваме кон Casa Vicens Gaudí која е модернистичка зграда сместена во населбата Грација во Барселона. Тоа е дело на архитектот Антони Гауди и се смета за негов прв голем проект. Оттаму се упатуваме кон еден од многуте божиќни пазари каде уживаме во убавата локална храна, сангрија, вино кава и прекрасните десерти.
Појадок. После појадокот разгледот го започнуваме со посета на катедралата Catedral de Barcelona, Готскиот кварт, плоштадот Каталонија, авенијата Рамблас каде ќе имаме пауза за заедничка дружба во некој ресторан.
Прошетка ја продолжуваме низ познатата улица „Рамблас“, една од најдинамичните улици во светот со опција за посета на аквариумот или Flamenco Show. Потоа се посетува божиќниот маркет кој е лоциран во непосредна близина на пристаништето и аквариумот.
Во раните утрински часови одјавување од хотелот и со организиран трансфер се упатуваме кон аеродромот во Барселона со пристигнување три часа пред летот кој полетува во 07:40 часот и слетува во Софија во 11:30 часот. Оттаму со организиран транфер патување кон Скопје и пристигнување во попладневните часови.