0
Your Cart is Empty
Доживејте незаборавна Нова година во Белград!
Белград, градот кој никогаш не спие, е совршена дестинација за новогодишни празници полни со забава, енергија и уникатни моменти! Градот на Дунав и Сава ќе ве пречека со својата топла атмосфера, величествени светлосни украси и богата програма за прослава.
Новогодишна прослава на плоштадот
Центарот на Белград, особено Плоштадот Република, е срцето на новогодишната магија. Тука ќе уживате во спектакуларен огномет, концерти на отворено и радосна атмосфера што ја споделуваат илјадници гости од целиот свет.
Уникатни забави во ноќните клубови
За љубителите на ноќниот живот, Белград е познат по своите модерни клубови и традиционални кафани. Се нудат специјални програми за Нова година со жива музика, познати диџеи и незаборавни забави кои траат до раните утрински часови.
Културно искуство
Посетете ги историските знаменитости како Калемегдан, храмот Свети Сава и Кнез Михајлова улица. За време на новогодишните празници, градот е обвиен во празничен дух, со пазари и специјални настани кои ќе ве потсетат на најубавите моменти од детството.
Гастрономски уживања
Белград ќе ве воодушеви со својот богат избор на традиционални српски јадења и меѓународна кујна. Празничните менија во рестораните нудат совршена комбинација на вкусови што ќе го направат вашето патување уште повкусно.
Факултативни излети:
– Крстарење по Дунав
– Нови Сад
– Крстарење по Дунав
НОВОГОДИШЕН ДОЧЕК НА БРОД СО КРСТАРЕЊЕ ПО САВА И ДУНАВ
ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Велес, Скопје, Куманово.
Состанок со групата на паркингот наспроти театарот Војдан Чернодрински во Прилеп во 23:45, во 00:00 часот поаѓање за Белград. Патот води преку Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово и преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
Пристигнување во Белград во утринските часови. Разглед на градот со локален водич: плоштадот Теразије, Славија, храмот Св.Сава, булеварот на револуцијата, Дедиње, тврдината Калемегдан, споменикот на Победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во Дунав… Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Кнез Михајлова во центарот на градот. Сместување во хотел. Вечерта организиран превоз за патниците кои што се имаат пријавено за новогодишен дочек на брод. За останатите патници индивидуален Новогодишен дочек на плоштад или во некој од многубројните кафичи или кафеани.Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок. По појадокот факултативен излет до Нови Сад – центар на Српската култура уште познат и како Српска Атина, панорамски разглед на градот, катедралата, црквата, синагогата, плоштадот, Петроварадинската тврдина (панорамски). Слободно време во центарот на градот. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечерта слободно време за постновогодишни прошетки или забави. Ноќевање.
Појадок. Одјавување од хотел. По појадок се упатуваме кон пристаништето каде што има можност за факултативно крстарење со брод по Дунав или слободно време за прошетка покрај кејот. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.