Нова Година во БЕЛГРАД - 2 ноќи

Опис на тура
Вклучено / Не е вклучено
План
Оцени

Доживејте незаборавна Нова година во Белград!

Белград, градот кој никогаш не спие, е совршена дестинација за новогодишни празници полни со забава, енергија и уникатни моменти! Градот на Дунав и Сава ќе ве пречека со својата топла атмосфера, величествени светлосни украси и богата програма за прослава.

Новогодишна прослава на плоштадот
Центарот на Белград, особено Плоштадот Република, е срцето на новогодишната магија. Тука ќе уживате во спектакуларен огномет, концерти на отворено и радосна атмосфера што ја споделуваат илјадници гости од целиот свет.

Уникатни забави во ноќните клубови
За љубителите на ноќниот живот, Белград е познат по своите модерни клубови и традиционални кафани. Се нудат специјални програми за Нова година со жива музика, познати диџеи и незаборавни забави кои траат до раните утрински часови.

Културно искуство
Посетете ги историските знаменитости како Калемегдан, храмот Свети Сава и Кнез Михајлова улица. За време на новогодишните празници, градот е обвиен во празничен дух, со пазари и специјални настани кои ќе ве потсетат на најубавите моменти од детството.

Гастрономски уживања
Белград ќе ве воодушеви со својот богат избор на традиционални српски јадења и меѓународна кујна. Празничните менија во рестораните нудат совршена комбинација на вкусови што ќе го направат вашето патување уште повкусно.

Факултативни излети:
– Крстарење по Дунав

  • 1 часовно крстарење по Дунав со разглед на голем дел знаменитости на кејот – минимум 30 лица
Цена за пакет: 15е

– Нови Сад

  • Не пропуштајте и да ја посететите српската Атина, градот Нови Сад кој е главен град на северната српска покраина Војводина и втор по големина град во Србија, по српската престолнина Белград, а важи за еден од најубавите во регионот.
Цена за пакет: 20е

– Крстарење по Дунав

НОВОГОДИШЕН ДОЧЕК НА БРОД СО КРСТАРЕЊЕ ПО САВА И ДУНАВ

  • Неограничена конзумација во текот на целата ноќ од алкохолни и безалкохолни пијалоци
  • НОВОГОДИШНА ВЕЧЕРА (ладно топло бифе)
  • Музика во живо – Забавна и народна музика со познат бенд
  • 85€  по лице
  • Програма за дочекот:
    • 21:30 – 22:45 – Качување и сместување на бродот
    • 23:00 – 01:00 – ПОКЛОН КРСТАРЕЊЕ по Сава и Дунав
    • 01:00 – 03:00 – Продолжување со забавата
  • Линија на пловење:
    • Хотел Југославија (Пристаниште на бродот) – Големиот воен остров – Коњскиот остров – вливањето на Сава и Дунав – Калемегдан – Хала Бетон – Савско Пристаниште – Соборна Црква – Бранков Мост – Београд на води – Стариот Савски мост  – Газела – Стариот Железнички мост – Новиот Железнички мост – Београдски Саем – Мост на Ада – враќање кај хотелот Југославија на пристаништето на бродот.
    • * Линијата на пловење е подложна на измени зависно од хидрометеорошките услови

ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Велес, Скопје, Куманово.

  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 45 патници
  • Краен рок за евентуален отказ е 7 дена пред датумот на поаѓање
  • Организаторот на патувањето во задржува правото за измена на поедини содржини од програмата.
  • За факултативните излети се потребни минимум 30 патници
  • Патникот има обврска да го провери пасошот пред патувањето.
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл соба се доплатуваат 50 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет
  • Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
  • Двајца возрасни и дете до 12 години цена за аранжман 149 евра
  • Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
  • Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
Цена за пакет: 85е

 

Вклучено / Невклучено

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Организација и водство на патувањето
  • Разглед на Белград со локален водич
  • 2 ноќевања со појадок во избраниот хотел во Белград
  • Патничко осигурување
  • Задолжителна туристичка такса за хотелот – 200 мкд (се плаќа во агенција)
  • Факултативен излет до Нови Сад – 20 евра по лице – пријавување во агенција, плаќање во автобус.
  • Kрстарење со брод по Дунав 1 час –15 евра по лице – пријавување во агенција, плаќање во автобус
  • Новогодишен дочек на брод – 85 по лице – пријавување во агенција, плаќање во автобус
  • Влезници во културно/историски споменици

План

ПРВ ДЕН 30.12.2024 (понеделник)

Состанок со групата на паркингот наспроти театарот Војдан Чернодрински во Прилеп во 23:45, во 00:00 часот поаѓање за Белград. Патот води преку Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово и преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

ВТОР ДЕН 31.12.2024 (вторник)

Пристигнување во Белград во утринските часови. Разглед на градот со локален водич: плоштадот Теразије, Славија, храмот Св.Сава, булеварот на револуцијата, Дедиње, тврдината  Калемегдан, споменикот на Победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во Дунав… Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Кнез Михајлова во центарот на градот. Сместување во хотел. Вечерта организиран превоз за патниците кои што се имаат пријавено за новогодишен дочек на брод. За останатите патници индивидуален Новогодишен дочек на плоштад или во некој од многубројните кафичи или кафеани.Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 01.02.2025 (среда)

Појадок. По појадокот факултативен излет до Нови Сад – центар на Српската култура уште познат и како Српска Атина, панорамски разглед на градот, катедралата, црквата, синагогата, плоштадот, Петроварадинската тврдина (панорамски). Слободно време во центарот на градот. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечерта слободно време за постновогодишни прошетки или забави. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН 02.02.2025 (четврток)

Појадок. Одјавување од хотел. По појадок се упатуваме кон пристаништето каде што има можност за факултативно крстарење со брод по Дунав или слободно време за прошетка покрај кејот. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

Од
169 
Форма За Пребарување
1
169 
Available:
Вкупно:
1
169