0
Your Cart is Empty
Започнете го новото поглавје со незаборавна авантура во срцето на Грција – магичната Атина! За време на новогодишните празници, главниот град на Грција блеска во посебно светло. Плоштадите и улиците се исполнети со свечени декорации, мирис на традиционални слатки и звуците на празнични песни.
Искусете ја величествената атмосфера под Акропол, каде што историското наследство се спојува со модерната прослава. Присуствувајте на спектакуларните огномети на плоштадот Синтагма, истражете ги шармантните улички на Плака, и уживајте во уникатните вкусови на грчката кујна во празнична атмосфера.
Со ADVENTOURS.MK, Нова Година во Атина станува повеќе од патување – тоа е вистинска приказна исполнета со незаборавни моменти, добро друштво и магија. 🎆
Резервирајте го вашето место уште денес и започнете ја годината со стил! 🏛️✨
Напомени:
Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
-За сингл соба цената изнесува 189 евра
-Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
-Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 89e
-Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
-Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
-Резервации за одреден кат или страна не е можна.
-Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
-Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Алгорида и Пелопонез (ЗАДОЛЖИТЕЛНА)
Пелопонез е голем полуостров и регион во јужна Грција, го формира делот на државата јужно од Коринтскиот Залив. Делови од него припаѓаат на три периферии поголемиот дел од полуостровот припаѓа на периферијата Пелопонез, а мал дел на Западна Грција и Атика. Полуостровот има површина од 21.549 км2 и е најјужниот дел од грчкото копно. Со прокопувањето наКоринтскиот Канал во 1893 година Пелопонез бил издвоен од копното, и може да се смета за остров.
Сунион и Аполоновиот брег
Кејп Сунион е неверојатна локација во секое време од денот, но таму би се почуствувале неверојатно доколку имате можност да го гледате неверојатното зајдисонце. Под вас се протега Егејското Море а покрај вас се наоѓаат и величествените урнатини на храмот Посејдон. Лесно е да се разбере зошто античките Грци изградиле храм на богот на морето овде.
Состанок на групата на паркингот пред хотел Русија околу 20.00 часот. Поаѓање за Атина во 20:30 часот. Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
Пристигнување во Атина во утринските часови. Заминување на панорамско разгледување на градот со локален водич (Плоштадот Омонија, Плоштадот Сантагма, каде се наоѓа парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека). Слободно време низ центарот на прекрасната Атина или посета на Акропол.
Заминување кон Глифада.
Смествање во хотел. Слободно попладне.
Вечерта слободно време за одмор или прошетка по преубавата Глифада.
Атина-Корнит-Пелопонез
Појадок.
Целодневна екскурзија на Арголида Коринтскиот канал (кој ги поврзува егејското и јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), градчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон).
Планиран одмор со можност за ручек во локалната таверна.
Враќање во Глифада. Слободно време за одмор.
Прослава на Нова Година може да ја поминете во некои од локалните таверни во Глифада или да го посетите плоштадот во Атина. (Организацијата за дочек на Нова Година е индивидуална)
Ноќевање.
Појадок.
Факултативна екскурзија Аполоновиот брег, летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени и рт’от Сунион (Сунион може да се види само од надвор, на 01.01 не е отворен за посета во внатрешноста), кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат на самиот рт’ во слава на богот Посејдон.
Слободно време и заминување кон Македонија.
Возење со гранични формалности и попатни паузи, присигнување во доцните ноќни часови.