Опис на тура
Вклучено / Не е вклучено
План
Локација
Оцени

Blue Apartments  се наоѓа на 350 метри од плажа и располага со сопствен базен, градина и тераса. Сместувањето располага со двокреветни студија и четирикреветни двоспални апартмани. Секое студио/апартман има клима уред (со доплата од 6 € од ден), мини кујна со мало фрижидерче и сопствено купатило.

ТЕРМИН НАЕМ

1/2 апартман

 редовна/промо цена
01.06 – 08.06.2024 7 ноќи

139 € /

119 € за сместување во СТД

99 € за сместување во АПП

08.06 – 15.06.2024

7 ноќи

169 € / 139 €

15.06 – 22.06.2024

7 ноќи

179 € /  159 €

22.06 – 29.06.2024

7 ноќи

189  € / 169 €

31.08 – 07.09.2024

7 ноќи

209 € / 189 €

07.09 – 14.09.2024

7 ноќи

199 € / 179 €

21.09 – 28.09.2024

7 ноќи

159 € /  139 €

28.09 – 05.10.2024

7 ноќи

139 € / 109 €

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

– За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.

– Цените се по лице за 7 ноќевања/8 дена.

– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од датумот на завршување на патувањето.

– Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот (тргнувањето е ден порано).

– За еднокреветна соба се доплаќа плус 70% од редовната цена.

– За сопствен превоз се одземаат 20 € од редовната цена на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Крф.

– Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.

– Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минимум 24 часа пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.

– Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот.

– Сместување во собите е по 14:00 часот, а напуштање на истите е до 09:00 часот по локално време.

– Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

– Цените објавени во табелите се конечни. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.

– Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.

– Агенцијата организира превоз со придружник на групата, до местото кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.

 

Пред секое патување Ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување

Вклучено / Невклучено

  • Автобуски превоз Скопје - Ипсос (Крф) – Скопје
  • 7 ноќевања во студија/апартмани во Ипсос на база на наем
  • Пратител за време на патувањето
  • Организирана програма за секој ден низ островот
  • Водич за време на престојот
  • Трошоци за организација и реализација на патувањето
  • Траект Игуменица - Крф - Игуменица
  • Факултативни излети
  • Туристичка такса
  • Патничко осигурување (задолжително)
  • Индивидуални трошоци на патниците

План

00 ДЕН СКОПЈЕ - КРФ

Состанок на групата пред Хотел Континентал во 22:00 часот ден пред почетокот на аранжманот. Тргнување во 22:30 часот. Ноќно патување со попатни паузи и царински формалности. Во раните утрински часови пауза на Јанина (Stop&Go). Патувањето продолжува до Игуменица од каде се качуваме на траект и за нешто помалку од 2 часа пристигнуваме на пристаништето во градот Крф. Од таму за 20 мин. пристигнуваме во Ипсос. Сместување во вилата од 14:00 часот.

01-07 ДЕН КРФ

Престој во Вилата со можност за факултативни екскурзии.

08 ДЕН КРФ - СКОПЈЕ

За времето на враќање ќе имате координација со водичот кој цело време ќе биде со вас за организација на екскурзиите. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Локација

Од
99 
Форма За Пребарување
3
99 
Депозит 30% По содржина
Available:
Вкупно:
3
99