Божиќен пазар во ЗАГРЕБ 06.12. – 09.12.2024

Опис на тура
Вклучено / Не е вклучено
План

Празничната магија го претвора Загреб во вистинска зимска бајка. Над 25 различни Божиќни базари се распоредени низ главните плоштади и улици на градот, секој со своја посебна тема, но заедно создаваат чувство на единствен, голем базар. Тезгите, полни со божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, различни печива и топло ароматично греано вино, привлекуваат посетители. Сјајните светилки, шарените украси и празничните декорации го дополнуваат амбиентот, кој е збогатен со забавни и културни настани на отворено.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 219 евра /13,578мкд 
ПРОМО ЦЕНА 189eвра  /12,338 мкд за резервации до 31.10
Напомена: 
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници. 
Пријавување за факултативните излети при резервација (за реализација е потребно 
минимум 30 патници). 
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност 1 € = 62 денари. 
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето. 
Организаторт го задржува правото на промена на редоследот на реализација на 
програмата. 
За овој аранжман важат Општите услови за патување

Вклучено / Невклучено

  • ∙Автобуски превоз на релација Скопје-Загреб-Скопје
  • ∙Сместување во хотел Aristos 4* во Загреб на база 2 ноќевања со појадок
  • ∙Организиран разглед на Загреб со локален водич
  • ∙Посета на Christmas market
  • ∙Посета на шопинг центар “Arena Centar”
  • ∙Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • ∙Посета на Љубљана 45 евра
  • ∙Патничко – здравствено осигурување
  • ∙Туристичка такса 400 мкд се доплаќа во агенција
  • ∙Доплата за еднокреветна соба 5.500мкд
  • ∙Дете до 3 години гратис (без легло)
  • ∙Дете 3-7 години(без легло, спие со родители) плаќа 6140 мкд
  • ∙Индивидуални трошоци

План

1 Ден-06.12-Скопје - Загреб

Состанок со групата на паркингот пред хотел “Holiday Inn” во 19.30 часот и поаѓање за Загреб.
Ноќно возење преку Србија.

2 Ден-07.12-Загреб
Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, 
Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, 
Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица...  
Во попладневните часови сместување во хотел.  
Слободно време за уживање во убавините на градот Загреб и празничната магија. Празничната 
атмосфера е спектакл кој го трансформира главниот град во зимска земја на чудата. Повеќе од 25 
поединечни Божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, 
секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувството на еден сеопфатен базар. 
Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни 
пецива, ароматично греeно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја 
надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено.  
Ноќевање. 
3 Ден-08.12-Загреб-Љубљана-Загреб

Појадок. Поаѓање за Љубљана. Разгледување на градот: Симболот на градот – Змејскиот Мост,
Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки
поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета
Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-

најпозната фонтана од бел мермер… Враќање во Загреб.
Вечерта, повторно уживање во празничната магија на градот. Можност да си купите “licitar” –
црвено медено срце кое датира од XIII век, a со тек на времето прераснало во симбол на Хрватска,
денес се користи повеќе како божиќен украс отколку како колаче за јадење.
Ноќевање.

4 Ден-09.12-Загреб - Скопје
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Посета на шопинг центар “Arena Centar”. 
Попладне, поаѓање кон Македонија.  
Пристигнување во Скопје на 10.12-Вторник во раните утрински часови. 
Од
189  219 
Постави прашање
0
189 
Available:
Вкупно:
0
189