0
Your Cart is Empty
Празничната магија го претвора Загреб во вистинска зимска бајка. Над 25 различни Божиќни базари се распоредени низ главните плоштади и улици на градот, секој со своја посебна тема, но заедно создаваат чувство на единствен, голем базар. Тезгите, полни со божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, различни печива и топло ароматично греано вино, привлекуваат посетители. Сјајните светилки, шарените украси и празничните декорации го дополнуваат амбиентот, кој е збогатен со забавни и културни настани на отворено.
Состанок со групата на паркингот пред хотел “Holiday Inn” во 19.30 часот и поаѓање за Загреб.
Ноќно возење преку Србија.
Појадок. Поаѓање за Љубљана. Разгледување на градот: Симболот на градот – Змејскиот Мост,
Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки
поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета
Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-
најпозната фонтана од бел мермер… Враќање во Загреб.
Вечерта, повторно уживање во празничната магија на градот. Можност да си купите “licitar” –
црвено медено срце кое датира од XIII век, a со тек на времето прераснало во симбол на Хрватска,
денес се користи повеќе како божиќен украс отколку како колаче за јадење.
Ноќевање.