Божиќен пазар во ВИЕНА 07.12. – 09.12.2024

Опис на тура
Вклучено / Не е вклучено
План
Оцени

Виена е позната по своите божиќни пазари. Од средината на ноември до Божиќ, најголем дел од плоштадите се претвораат во магични празнични пазари, а стариот град и трговските улици блескаат во празнични светла, додавајќи и посебна магија на Виена! Рингишпилот и „Ирвасите на Дедо Мраз“ носат радост за најмладите, додека лизгањето на мраз, исто така, е омилена зимска атракција за сите посетители на градот.

Цена на аранжманот: 229 евра / 14.200мкд по лице

 Промо цена за резервации до 31.10.2024: 199 евра / 12.338мкд по лице

НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест.
Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
За ова патување важат Општите Услови за Патување.

Вклучено / Невклучено

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во Хотел Michael 3*** во Виена на база 2 ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
  • ЗАДОЛЖИТЕЛЕН разглед на Виена 15 €
  • Разглед на Братислава – 35 €
  • Посета на Шенбрун (превоз + влезница+води) 55 €
  • Дунавска Кула (превоз + влезница) – 25 €
  • Влезници во музеите и културно – историските споменици
  • Туристичка такса 5 € по лице ( плаќање во автобус)
  • Патничко осигурување (200мкд)
  • Индивидуални трошоци.

План

06.12.2024 (ПЕТОК) СКОПЈЕ - ВИЕНА

Пристигнување во претпладневните часови. Следи задолжителен панорамски разглед на градот со локален водич: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан, Бург театар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Градското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот... Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови организирана прошетка низ центарот на Виена и посета на Божиќните базари со можност да се вкусат прекрасните деликатеси и греано вино. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

07.12.2024 (САБОТА) ВИЕНА
Пристигнување во претпладневните часови. Следи задолжителен панорамски разглед на градот со локален водич: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан, Бург театар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Градското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот... Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови организирана прошетка низ центарот на Виена и посета на Божиќните базари со можност да се вкусат прекрасните деликатеси и греано вино. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
08.12.2024 (НЕДЕЛА) ВИЕНА – БРАТИСЛАВА
Појадок. Факултативна посета на Братислава: Братиславскиот дворец, лоциран на ридот од каде има прекрасен поглед на градот, едно од ретките места со можност да се видат три држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Најубавиот дел на Братислава има бајковит божиќен базар. Стариот град мириса на разни деликатеси и звуци од божиќни песни. Враќање во Виена. Ноќевање.
09.12.2024 (ПОНЕДЕЛНИК) ВИЕНА - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотел. Факултативна посета со локален водич на дворецот „Шенбрун“ познат како летната резиденција на Хабсбуршката монархија, изграден 1.700 г. Дворецот со околните волшебни градини говори за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо Јосиф... Факултативна посета на Дунавската Кула од каде се пружа прекрасен поглед на градот. Слободно време за индивидулни активности. Во попладневните часови заминување кон Скопје. Пристигање во Скопје во претпладневните часови на 10.12.2024 - вторник.
Од
299 
Форма За Пребарување
0
299 
Available:
Вкупно:
0
299