0
кошничката е празна
ШПАНИЈА
Барселона
Божиќни пазари
Arya 3*
3 ѕвезди
Авион
Појадок
3 ноќевања / 4 дена
Доживејте ја празничната атмосфера на Барселона за време на Божиќните пазари. Овој градски одмор нуди уникатна можност да ја истражите Каталонија и да уживате во празничниот дух.
Сместување во Arya 3*
Хотелот Arya 3* е сместен во Барселона, нудејќи удобен престој со вклучен појадок. Овој аранжман е идеален за сите кои сакаат да ја почувствуваат празничната магија на градот.
Вклучено во понудата
Практични информации
Аранжманот е за периодот од 05.12 до 08.12.2026 година. Цената од 399€ по лице вклучува авионски превоз, аеродромски такси и сместување со појадок. Туристичка такса од 5,50 евра по лице на ден не е вклучена во цената.
Целодневен излет – Обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди
Тргнување во утринските часови со автобус од хотел од Барселона.
Се искачуваме на ридот Монжуик, кој се наоѓа во самиот центар на градот, на 213 метри надморска височина, од каде се пружа восхитувачки поглед на градот и пристаништето. Според легендата, самиот Дон Кихот ги набљудувал битките од ова ритче.
Поминуваме покрај Олимпискиот стадион, каде моментално игра фудбалскиот клуб Барселона, и правиме пауза во познатото шпанско село – Пуебло Еспањол. Таму, 117 градби од сите 17 шпански покраини ќе ви ја доловат архитектурата на оваа прекрасна земја – сè на едно место.
Потоа ги разгледуваме магичните фонтани, шпанскиот плоштад – Плаза Еспања, централниот Плаза Каталуња, како и најскапата улица во градот – Пасео де Грасија, каде се наоѓаат двете познати куќи на Гауди: Каса Батљо и Каса Ла Педрера.
И, секако, неизоставната базилика Саграда Фамилија – најпознатото дело на Антони Гауди, кое се гради веќе над 140 години. Ништо слично не постои во светот.
Следи возење со автобус покрај Триумфалната капија и Паркот Сиутадела, по што ќе имате слободно време за индивидуални активности. Можете да го искористите за посета на Аквариумот, прошетка по Барселонета или по најпосетената улица Ла Рамбла, каде се наоѓа една од најубавите пазари во светот – Ла Бокерија. Во близина се и уличките на Готската четврт, кои кријат многу тајни и историски знаменитости од стариот град Барцино.
Враќање на хотелот.
📌 Цена на излетот: 65 €
👶 Деца до 12 години: 35 €
Готска четврт (El Gòtic) во Барселона е еден од најстарите и најфасцинантни делови на градот. Сместена во срцето на Стариот град (Ciutat Vella), таа претставува лавиринт од тесни, средновековни улици, полни со историја, уметност и архитектонски богатства. Во оваа четврт се наоѓаат некои од најважните знаменитости на Барселона, како што се Готската катедрала (La Catedral de Barcelona), Плоштадот Рејал (Plaça Reial), како и остатоци од римскиот град Барсино. Готската четврт денес е жив културен центар, исполнет со кафулиња, музеи, галерии и улични уметници, кои и даваат уникатна атмосфера.
Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.
Откријте го магичниот свет на Антони Гауди со прошетка низ еден од највпечатливите паркови во Барселона – Парк Гуел.
Уживајте во уникатната архитектура, шарените мозаици, панорамските погледи кон градот и волшебната атмосфера што го прави овој парк едно од најпознатите ремек-дела на модернизмот.
Парадокс музејот во Барселона е забавно и волшебно место каде што ништо не е како што изгледа! Таму децата можат да влезат во свет на илузии, да видат соби што се вртат, да стојат на ѕидови, или да изгледаат како џинови или минијатурни луѓе. Сè е направено за да го збуни мозокот на забавен начин и да предизвика смеа и восхит.
PortAventura е еден од најголемите забавни паркови во Европа, близу до Барселона. Тоа е вистински рај за деца, со магични светови, ролеркостери, водени слајдови и ликови од Sesame Street. Најмладите ќе уживаат во Sésamo Aventura, а постарите деца во возбудливи возења како Shambhala и Ferrari Land. Паркот нуди цел ден полн со смеа, игра и незаборавни авантури за целото семејство!
Чоколадниот музеј во Барселона е слатко и забавно место каде што децата можат да научат како се прави чоколадо – од зрно до чоколадно табло! Во музејот ќе видите скулптури направени од чоколадо, ќе дознаете приказни од историјата на чоколадото и можете сами да направите чоколадни форми. Совршено место за сите што го обожаваат чоколадото!
Зоолошката градина во Барселона е прекрасно место каде што децата можат да видат над 2.000 животни од целиот свет! Има мајмуни, жирафи, слонови, пингвини и многу други. Во паркот има и игралишта, шоу со животни и едукативни зони каде што децата учат додека се забавуваат. Совршено место за семеен ден полн со авантури и животински пријатели!
Пристигнување на аеродромот Ел Прат во 20:10 часот. Организиран трансфер до хотелот и сместување. Можност за прошетка до Божиќен маркет и уживање во топло вино. Ноќевање.
Панорамска прошетка низ Барселона (4 часа) со локален водич, вклучувајќи Саграда Фамилија, Катедралата, Плоштад Каталуња, Ла Рамбла, Шпанско Село и Монжуик. Факултативна посета на Аквариум Барселона. Слободно време за прошетка до Божиќниот маркет Fira de Santa Llúcia, пробање тапаси или посета на Фламенго шоу. Ноќевање.
Слободно време за индивидуални активности или факултативни посети: Камп Ноу, Готска четврт, Парк Гуел. Препорака за посета на Fira de Nadal del Port Vell. Опција за дегустација на тапаси. Слободна вечер за индивидуални активности или посета на Магичните фонтани. Ноќевање.
Можност за факултативна посета на Музеј Дали + Герона, Парк Тибидабо, Парк Циутадела или Плажата Ла Барселонета. Опционална посета на Божиќен маркет пред трансферот. Организиран трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 20:55 часот, со пристигнување во 23:40 часот.