0
кошничката е празна
Австрија
Виена
Божиќни пазари
3 ѕвезди
Автобус
Ноќевање со појадок
4 дена
Скопје
Виена, престолнина на една од најзначајните европски империи, е царски град и место на вкрстување на различни култури. Како една од најстарите метрополи во срцето на Европа, Виена го привлекува вниманието со своето културно и архитектонско наследство, шарм и раскош. Градот нуди патување низ времето, оживувајќи ја сликата на раскошниот империјален барок преку своите дворци како Хофбург и Шенбрун, палатата Белведере, катедралата Св. Стефан и многу други знаменитости. Позната како Музичка престолнина, Виена била дом на композитори како Моцарт, Бетовен и Штраус.
За време на декември, Виена блеска во своето најелегантно празнично издание, нудејќи една од најубавите божиќни дестинации во Европа. Величествените булевари, историските палати и плоштади се украсени со илјадници светилки, додека мирисот на печени костени, ванила, цимет и греено вино создава незаборавна празнична атмосфера. Најпознатите Божиќни маркети, како оној пред Градското собрание (Rathausplatz), нудат рачно изработени подароци, австриски специјалитети и празнични украси. Маркетите кај Шенбрун, Белведере и плоштадот Марија Терезија се исто така волшебни, секој со своја уникатна атмосфера. Уживајте во прошетките низ раскошните улици, посетете ги палатите, вкусете ја познатата Sacher торта и почувствувајте го шармот на градот кој за време на Божиќ изгледа како празнична разгледница.
Сместување во хотел со 3 ѕвезди
Аранжманот вклучува сместување во хотел со 3 ѕвезди на база на 2 ноќевања со појадок. Хотелот се наоѓа во Виена, нудејќи удобна база за истражување на градот и неговите празнични атракции. Патувањето се одвива со високотуристички автобус, со професионален туристички придружник кој ќе се погрижи за организацијата и реализацијата на програмата.
Вклучено во понудата
Практични информации
Напомени:
Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 14:00 ч. и поаѓање за Виена. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
По пристигнување во Виена, панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и индивидуални прошетки. Ноќевање.
Појадок. Трансфер до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич. Попладне, можност за факултативна посета на Дунавската Кула. Враќање во центарот на Виена со слободно време за индивидуални прошетки и активности. Уживајте во празничната атмосфера на Божиќните маркети. Ноќевање.
Појадок. Напуштање на хотелот. Можност за излет до Братислава и Designer Outlet Parndorf (3 часа за шопинг). Потоа, разглед на Братислава со локален водич: плоштадот, Михалската порта, Градското собрание, катедралата Св. Мартин. Слободно време за прошетки и уживање во празничната атмосфера. Во вечерните часови враќање во Виена и поаѓање кон Скопје со попатни паузи.
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.