0
Your Cart is Empty
Унгарија
Не е наведено
Будимпешта
Лето 2026
Откријте ја магијата на Будимпешта, главниот град на Унгарија, познат како „Бисерот на Дунав“. Овој космополитски град нуди богата историја, култура и бројни туристички атракции, како и познатите бањи кои датираат од 1934 година. Будимпешта е спој на различни култури и миграции низ вековите, што ја прави уникатна дестинација.
Уживајте во 3 ноќевања со појадок во хотел со 3 ѕвезди, сместен во срцето на Будимпешта. Аранжманот вклучува авионски превоз од Скопје со Wizzair, организиран трансфер од аеродром до хотел и назад, како и аеродромски такси. Имате можност за бесплатен рачен багаж.
Цената на аранжманот започнува од 379 € и вклучува 3 ноќевања со појадок. За резервација е потребна уплата на 30% аванс, а целосна доплата е 10 дена пред поаѓање. Поаѓањето е на 04.12.2026.
Состанок на група на аеродромот во Скопје во 05:55 часот. Директен лет со Wizz Air во 07:55 ч. Пристигнување во Будимпешта во 09:20 ч. По пристигнувањето следува организиран трансфер и панорамски разглед на градот: Széchenyi Chain Bridge, Elisabeth Bridge, споменикот на St. Gellért, Margaret Bridge, Gellért Hill, Matthias Church, катедралата Св. Стефан, замокот Vajdahunyad, плоштадот на хероите, Цитаделата, Рибарската тврдина, Будимскиот замок (Кралската Палата). Можност за влез во катедралата, Рибарската тврдина, замокот Vajdahunyad, Будимскиот замок. Пристигнување во хотел и сместување. Вечерта можност за посета на Божиќниот маркет. Ноќевање.
Појадок. Факултативна посета на гратчето Сент Андреа со стара архитектура, народни ракотворби, винотеки и ресторани. Враќање во Будимпешта. Вечерта факултативно крстарење по Дунав. Потоа посета на Божиќниот маркет. Ноќевање.
Појадок. Слободен ден за шетање и уживање во Божиќниот маркет. Ноќевање.
Во раните утрински часови организиран трансфер до аеродром. Директен лет од Будимпешта до Скопје во 05:55 ч. Пристигнување во Скопје во 07:20 ч.