0
Your Cart is Empty
Хотел Белведере 4*
Хотелот се наоѓа на 150 метри од прекрасната песочна плажа Ахладис, што го прави одлично место за одмор и реклреација! Хотелот нуди двокреветни соби и семејни бунгалови во срцето на Скијатос.
Нови и модерни двокреветни соби во главната хотелска зграда и приватни бунгалови сместени веднаш до главната хотелска зграда кои нудат фасцинантен поглед кон заливот Ахладис и Егејското Море.
Откако ќе пристигнат на пристаништето на Скијатос, гостите на хотелот имаат организиран трансфер до хотелот, и назад на денот на заминување
Хотелот се состои од главна зграда и бунгалови до кои се стигнува по посебно наменети скали (околу 50 скали) за полесен пристап
Хотелот исто така има служба која го пренесува багажот од рецепција до бунгаловите на патниците кои се сместени во истите
Хотелот има сопствен базен покрај кој ќе можете да уживате во вечерните часови со вашиот омилен пијалок и друштвото за добар муабет.
Главната причина која не натера да го закупиме хотелот е местоположбата на објектот, кој од едната страна е планина, а од другата страна е морето, што е нешто кое му е најпотребно на секој за добар релаксиран одмор.
Собите на хотелот се светли и пространи, дел од нив се во сино-бела нијанса што асоцира на морската ширина. Дел имаат поглед кон морето, а дел се со поглед кон планината.
Веднаш наспроти хотелот има супермаркет, а по самата главна улица која води до плажата Кукунариес и до градчето ќе најдете еден куп ресторани и таверни.
Градчето на Скијатос е на само 10 минути со автобус, кои автобуси ги има постојано.
План и програма
Термините за Лето 2025 та на Скијатос се од четврток до четврток, секоја среда навечер поаѓање
Поаѓањето е секоја среда навечер. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Нашиот туристички придружник се грижи патниците да се сместат на траект кој сообраќа на релација Волос-Скијатос-Волос. Пристигнување на Скијатос во утринските часови.
Сместување после 14:00 часот по локално грчко време.
Поаѓање за Македонија секој четврток.
Цена по лице за 7 ноќи со појадок и вклучен превоз |
Термин | 1/2 bungalow | 1/2 studio sea view | 1/2 studio garden vie |
22.05-29.05 | 155 | 180 | 170 |
29.05-05.06 | 195 | 220 | 210 |
05.06-12.06 | 196 | 270 | 260 |
12.06-19.06 | 285 | 310 | 300 |
19.06-26.06 | 340 | 365 | 355 |
26.06-03.07 | 400 | 425 | 415 |
03.07-10.07 | 430 | 455 | 445 |
10.07-17.07 | 430 | 455 | 445 |
17.07-24.07 | 430 | 455 | 445 |
24.07-31.07 | 430 | 455 | 445 |
31.07-07.08 | 430 | 455 | 445 |
07.08-14.08 | 430 | 455 | 445 |
14.08-21.08 | 430 | 455 | 445 |
21.08-28.08 | 375 | 400 | 390 |
28.08-04.09 | 305 | 330 | 320 |
04.09-11.09 | 235 | 260 | 250 |
11.09-18.09 | 175 | 200 | 190 |
18.09-25.09 | 165 | 190 | 180 |
25.09-02.10 | 165 | 190 | 180 |
Што е вклучено во цената
Што не е вклучено во цената
Факултативни излети
Kukunaries beach
Цена за пакет: Ценaта на излетот ќе биде објавена пред почетокот на летото
Кукунариес е една од најпознатите плажи на Скијатос., се наоѓа на јужната страна на островот. Плажата е пространа и секој може да ужива на свој начин. Во бројните барови што се одоколу можете да се напиете Фрапе, ладно пиво или да се опуштите на лежалка со некоја книга. За љубителите на водни спортови има можност адреналински да го поминат денот, а секако имате и помирен дел каде што можете да уживате во интимна атмосфера.
Kрстарење до Lalaria beach и Островот Skopelos
Цена за пакет: Ценaта на излетот ќе биде објавена пред почетокот на летото
Во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава. Оваа плажа е како рај на земјата, ремек-дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место, место кое чека да го посетите и малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина. Оваа плажа е достапна само со бротче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок. Исто така се посетува и островот Skopelos како и црквата Agios Ioannis позната по иконата св. Јован. Исто така на ова место како и островот Skopleos се снимени доста сцени од мјузиклот Mama Mia. Крстарење кое претставува целодневно уживање.
Banana beach
Цена за пакет: Ценaта на излетот ќе биде објавена пред почетокот на летото
Веќе ви спомнавме дека овој остров е идеален за млади, љубители на денска и ноќна журка. Плажата БАНАНА е идеално место за младите посетители и секако за сите со млад дух. Овде имате Dj од пладне до полноќ. Журката е во полн ек уште во поладневните часови и трае со исто темпо до полноќ. Море, музика, пијачка, млади и разиграни луѓе, што повеќе може да посакате. Ова место навистина ќе ви се допадне и нема да ви здосади дури и секој ден од вашиот одмор да бидете тука. Секако ова не е класичен одмор, вака малку ќе се заморите, но кога ќе се вратите ќе спиете дома, може нели?!
Важно