Божиќен пазар во Прага (08.12 – 11.12.2024)

Започнете ја магијата на празничниот период со незаборавна посета на Божиќниот пазар во Прага! Со неговите шармантни штандови преполни со рачно изработени украси, традиционални деликатеси и топли пијалаци, овој пазар ќе ве пренесе во срцето на празничната атмосфера. Прошетајте низ историскиот стар град, облечен во светкави декорации, и уживајте во звуците на празничните песни. Пробајте варено вино, медени колачи и други локални специјалитети додека купувате уникатни подароци за вашите најблиски. Дозволете си да ја доживеете магијата на Божиќ во еден од најубавите градови во светот – Прага!

00/01 ДЕН (07.12./08.12.2024) СКОПЈЕ – ТИРАНА – ПРАГА (Карлов Мост, Староградски плоштад, Божиќни пазари)
Состанок на групата пред хотел Континентал во договорено време на 07.12.2024 и поаѓање за Тирана. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување на аеродромот во Тирана три часа пред летот кој полетува за Прага во 10:00 часот и слетува во 12:10 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот и сместување во собите после 14:00 часот.
Денот започнува со пешачка тура од Карлов Мост, прекрасна средновековна градба која нуди прекрасен поглед на реката Влтава и градот. Мостот го поврзува Стариот град со Малиот град (Мала Страна). Продолжуваме кон Староградскиот плоштад каде е лоциран познатиот астрономски часовник, Црквата “Дева Марија пред Тин” и разни историски градби меѓу кои спаѓаат и Еврејскиот музеј кој ја крие долгата историја на градот. Слободно време за уживање во божиќните пазари/ресторани. Во вечерните часови враќање назад во хотел и ноќевање.
02 ДЕН (09.12.2024) ПРАГА (Прашки град, Петрин и Мала Страна)
Појадок. По појадокот, се упатуваме кон величествениот Прашки град (или Прашкиот Замок), најголемиот антички замок во светот каде се наоѓаат катедралата Свети Витус, Кралската палата и живописната улица со мали историски куќи. По обиколка на замокот, се упатуваме кон Мала Страна (Малиот град), шармантна област со барокна архитектура. Ќе го посетиме и ѕидот на Ленон, што одразува почит кон Џон Ленон како симбол на мирот и слободата.
Во попладневните часови, прошетка низ ридот Петрин, кој нуди панорамски поглед на Прага. Тука е лоцирана и кулата Петрин, мини реплика на Ајфеловата кула. Можност за ручек во некоја традиционална чешка таверна во Мала Страна. Продолжуваме кон „Dancing house“ – познатата крива зграда во Прага како знак за слобода, каде се наоѓа и тераса со 360 степени панорамски поглед кон Прага, каде ќе уживаме во зајдисонцето и во некое од чешките традиционални пива. Слободно време за уживање во божиќните пазари. Враќање назад во хотелот и ноќевање.
03 ДЕН (10.12.2024) ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – ПРАГА
Појадок. По појадокот, се упатуваме кон Карлови Вари, еден од најпознатите бањски градови во Чешка, познат по топлите извори и прекрасната архитектура. Посета на Бањата на 12-те извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка, музејот на Бехеровка… и да уживате во романтична прошетка низ ова неверојатно инспиративно градче. Слободни активности до пред тргнување. Во доцните попладневни часови враќање во Прага. Ноќевање.
04 ДЕН (11.12.2024) ПРАГА – БРАТИСЛАВА – СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот одјавување од хотелот и со воз се упатуваме кон Братислава каде пристигнуваме во попладневните часови.
Разглед на старото градско јадро на Братислава, познатиот средновековен главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар и барокната Палата Palffy каде што Моцарт ги изведувал своите дела. Слободно време за ручек во стариот дел на градот (Old Town). Посета на традиционалниот божиќен базар и можност да ги пробате нивните најпознати божиќни специјалитети.
Во доцните попладневни часови се упатуваме кон аеродромот во Братислава со пристигнување три часа пред летот кој полетува во 23:25 часот и слетува во Скопје во 00:55 часот.